Првпат во историјата е забележан вселенски ураган: „Навистина не го очекувавме ова“

Научниците првпат забележаа една претходно непозната појава - огромна маса на плазма широка скоро 1.000 километри, која со часови ротирала во повисоките слоеви на Земјината атмосфера.

Наместо вода, од неа излетувале електрони, субатомски честички со негативен електричен полнеж.

Научниците овој феномен го нарекоа „вселенски ураган“ бидејќи се однесувал слично на ротирачките бури што редовно се појавуваат над океаните низ Земјата. Досега воопшто не се знаеше дека постојат „вселенски урагани“.

„Навистина не го очекувавме ова“, изјави за Ен-би-си њуз Лери Лионс, професор по атмосферски и океански науки на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, додавајќи: „Овој феномен не е познат ниту теоретски“.

Лионс е еден од авторите на научниот труд за откривањето на „вселенскиот ураган“, кој е објавен кон крајот на февруари во Нејчр комјуникејшнс.

Научници од Кина, САД, Норвешка и Велика Британија го откриле „вселенскиот ураган“ прегледувајќи сателитски податоци од август 2014 година.

Сателитите што минуваат над Северниот пол на Земјата забележале огромно нарушување во повисоките слоеви на атмосферата.

„Вселенскиот ураган“ во форма на спирала ротираше околу својата оска на 200 километри над Северниот пол скоро осум часа, велат научниците.

„Можевме да ги видиме ротирачките текови на плазмата, кои веднаш нè потсетија на ураганските ветрови. Тие беа најсилни на рабовите, а нивната сила опаѓаше кон центарот на ротацијата. Воздухот во ураган се однесува исто“, објасни Лионс.

Но тука завршуваат сите сличности со ураганите на Земјата. Имено, додека од обичните урагани паѓаат огромни количества дожд, научниците забележале дека од „вселенскиот ураган“ во горните слоеви на атмосферата излегуваат електрони.

„Вселенските урагани“ ги предизвикува плазмата што ја пушта сонцето преку т.н. соларни ветрови. Кога наелектризираните честички поминуваат низ повисоките слоеви на атмосферата, тие може да предизвикаат магнетни бури и феномен познат како поларна светлина.

„Тропските бури се поврзани со огромни количества енергија, а вселенските урагани очигледно генерираат невообичаено големи и брзи трансфери на сончева енергија во повисоките слоеви на атмосферата на Земјата“, рече Мајкл Локвуд, професор по астрофизика на Универзитетот Ридинг во Велика Британија, за Ен-би-си.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе