Во 2027 се планира да биде отворен првиот вселенски хотел (ФОТО)

Ако филмовите и сериите ве убедиле дека во 21 век ќе можете лесно да патувате во вселената и можеби дури и да одите на одмор меѓу Земјата и Месечината, никој не би ви замерил. Можеби ќе треба да почекате само уште неколку години за да се случи ова: корпорацијата „Орбитал асембли“ (ОАЦ) ги претстави своите комплетни планови за составување и отворање на вселенската станица „Војаџер“.

 

Експертите од корпорацијата планираат да го изградат внатрешното вртечко тркало во ниската Земјина орбита, а потоа да ги лансираат поединечните капсули и да ги прикачат на надворешните рабови од тркалото.

Станицата-хотел е опишана како капацитет за „долгорочно сместување на население од 300 посетители (астронаути, научници, деловни патници, долгорочни жители и туристи) и 100 члена на екипажот“, а ОАЦ ги откри и своите планови да ја гради „Војаџер“ со флота од патентирани „роботи на склопување во вселената“.

Вселенската станица Војаџер, наводно, ќе користи „вештачка гравитација“ низ целиот простор, „овозможувајќи постојана вселенска работна сила за градење и одржување на големи вселенски структури во здрава околина“. Станицата ќе има дијаметар од 200 метри (поголема од Меѓународната вселенска станица), со 11.600 квадратни метри и 24 модули за живеење. Станицата ќе има и „44 летала за итно враќање“ на Земјата.

Според ОАЦ, на станицата ќе има „квалитетна храна и пијалок, забавни настани, простории за вежбање, услуги на медицинска тријажа, можности за итна евакуација и фасцинантни глетки кон Земјата и ѕвездите“, како и киносали, барови, бањи и ресторани.

Работата на првиот вселенски хотел ќе почне во 2025 година, а засега нема податоци колку ќе чинат изградбата или престојот во него.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе