Европската вселенска агенција

Првата слика од северниот пол на сонцето (ФОТО)

Еве една глетка што никогаш не сте ја виделе. Деталните снимки од сонцето во сета негова раскош - со короналните лаци, сончевите дамки и соларните пламени - станаа вообичаени, благодарение на малата флота „набљудувачи“ што орбитираат околу ѕвездата. Но сите тие летала го снимаа сонцето од страна, никогаш од горе или од долу.

За да ја добие оваа глетка кон северниот пол на сонцето, Европската вселенска агенција се впуштила во правење паметни трикови со камера користејќи слики снимени од нејзиниот сончев истражувач Проба-2.

ЕСА „зела“ ленти од работ на сонцето, кои го доловуваат однесувањето на неговата атмосфера во северната хемисфера, а потоа ги истегнала и ги поставила рамно за добие приближна глетка одозгора. Со повторување на овој процес додека сонцето ротира, добивајќи сè повеќе и повеќе ленти, тие успеале да проценат како изгледа досега невидената поларна површина.

Ако погледнете внимателно, може и да го забележите трикот на сликата. Црните линии се лентите од сликите направени додека Проба-2 гледала спротивно од сонцето. Несовпаѓањата кон средината се резултат на тоа што атмосферата на сонцето се променила додека сликата била градена.

И покрај тоа што е репродукција, резултатот може да расветли некои од тајните на сонцето, како што е формирањето на короналните дупки и исфрлањето маса. Сепак, за правилно проучување на половите, истражувачите ќе мора да почекаат ЕСА да го лансира соларниот орбитер во 2020 година.

Ова ќе биде првиот поларен истражувач по заедничката сонда Одисеј на НАСА/ЕСА, која леташе над и под сонцето во 1994 и 1995 година. Сепак, без камера Одисеј не можеше да направи никакви фотографии.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе