Првата откриена црна дупка е дури и поогромна отколку што се мислеше

Стивен Хокинг во 1974 година се обложи, како некој вид осигурителна полиса за неговото животно дело, дека објектот не е црна дупка.

Првата црна дупка што човештвото некогаш ја открило е многу поголема отколку што се сметаше претходно, покажува ново истражување.

Галактичкиот извор на Х-зраци, подоцна наречен Лебед Х-1, беше откриен во 1965 година, кога два Гајгерови бројачи беа однесени на подорбиталната ракета лансирана од Ново Мексико.

Таа беше во фокусот на еден познат научен облог помеѓу физичарите Стивен Хокинг и Кип Торн во 1974 година, кога професорот Хокинг се изјасни дека тоа не е црна дупка.

Професорот Хокинг во својата книга „Кратка историја на времето“ го опиша облогот како „некоја форма на осигурителна полиса“.

„Многу работев на црните дупки и сето тоа ќе биде залудно ако се испостави дека црните дупки не постојат“, напиша тој. „Но, во тој случај, би ја имал утехата дека сум победил во мојот облог, што ќе ми донесе четиригодишна претплата на списанието Прајват ај“.

„Ако навистина постојат црните дупки, Кип ќе добие едногодишна претплата на (порнографското списание) Пентхаус“, додаде тој. На крај, во 1990 година господинот Хокинг го призна поразот во облогот.

Новите опсервации објавени во списанието Саенс сега докажаа дека тој со право признал пораз.

Истражувањето открило дека Лебед Х-1 ја содржи најогромната црна дупка со ѕвездена маса некогаш откриена без употреба на гравитациони бранови.

Меѓународен тим астрономи го користеле Многудолгобазичниот строј (ВЛБА), радиотелескоп со големина на континент составен од 10 антени распространети низ САД, заедно со паметна техника за мерење растојанија во вселената, за да се утврди големината на црната дупка.

„Ако можеме да погледнеме ист објект од различни локации, можеме да го пресметаме неговото растојание од нас со мерење на тоа колку далеку се чини дека објектот се движи во однос на заднината“, рече главниот истражувач, професорот Џејмс Милер-Џонс.

„Ако го држите прстот блиску пред очи и го гледате со едно око во исто време, ќе забележите дека се чини дека прстот скока од едно на друго место. Тоа е точно истиот принцип“, додаде проф. Милер-Џонс, од Универзитетот Кертин и Меѓународниот центар за истражување на радиоастрономијата (ИЦРАР).

„Повеќе од шест дена набљудувавме целосна орбита на црната дупка и користевме набљудувања на истиот систем со истиот телескопски строј во 2011 година“, рече професорот.

„Овој метод и нашите нови мерења покажуваат дека системот е подалеку отколку што се сметаше порано, со црна дупка што е значително помасовна.“

Коавторот, професор Илја Мандел од универзитетот Монаш, рече дека црната дупка е всушност толку масивна, што се коси со многу идеи на астрономите за тоа како се формираат црните дупки.

„Ѕвездите ја губат масата во околното опкружување преку ѕвездени ветрови што дуваат од нивната површина. Но за црната дупка да стане олку тешка, треба да го намалиме количеството на масата што ја губат светлите ѕвезди во текот на нивниот живот“, рече тој.

„Црната дупка во системот Лебед X-1 го почнала животот како ѕвезда приближно 60 пати поголема од масата на Сонцето и колабирала пред десетици илјади години“, рече тој. „Неверојатно, таа орбитира околу својата придружна ѕвезда – суперџин - на секои пет и пол дена на само една петтина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето.“

„Овие нови набљудувања ни кажуваат дека црната дупка е повеќе од 20 пати поголема од масата на нашето сонце, што е пораст од 50% од претходните процени“, додаде проф. Мандел.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе