Првата фотографија во боја од Марс, снимена од хеликоптерот на НАСА Инџенуити (ФОТО)

На фотографијата од црвената планета се гледаат камења и тркала од ровер.

Фото: НАСА

Хјустон, имаме… фотографија од Марс, снимена од хеликоптерот на НАСА Инџенуити. Сликата е значајна по тоа што е првата слика во боја, направена е од малиот хеликоптер што беше спуштен на црвената планета, подготвувајќи се за својот историски лет низ небото на Марс подоцна овој месец.

Инџенуити оваа фотографија со ниска резолуција ја направил во саботата. Фотографијата го прикажува карпестиот под на местото за слетување на роверот Персевиренс кај кратерот Језеро, џиновска дупка северно од Марсовиот екватор. Се гледаат и две тркала на роверот на НАСА што го носеше Инџенуити пред да го спушти на површината на Марс за време на викендот.

Фотографијата веројатно нема да освои награди за вселенска фотографија, но е уште еден возбудлив и надежен знак дека амбициозниот хеликоптер функционира по план.

Инџенуити, кој има соларен погон, продолжува да ги расчистува пречките на патот кон првиот контролиран лет на друга планета. Ја преживеа својата прва студена ноќ сам на Марс, значаен подвиг бидејќи температурите на планетата се спуштаат на минус 90 Целзиусови степени во кратерот Језеро. Таквиот остар студ може да ги оштети деликатната електроника и батериите на хеликоптерот, но машината остана топла благодарение на изолацијата, грејачите и соодветната моќност на батеријата.

НАСА планира Инџенуити на 11 април да го изведе својот прв краток пробен лет. Ако тоа оди добро, ќе следат повеќе пробни летови.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе