Направена од кинеската сонда

Првата фотографија од „мистериозната“ далечна страна на Месечината (ФОТО)

Вселенската сонда на Кина Чанг'e 4 ја испрати својата прва фотографија од далечната страна на Месечината, откривајќи карпеста површина „разорана“ со мали дупки, која се чини дека е голем кратер.

Историската фотографија го означува првото слетување на летало направено од човекот на „темната страна“ на месечината. Мисијата ја искомплицира фактот што позицијата и теренот на таа страна ја блокираат директната комуникација со Земјата преку радиосигнали. За да се реши ова прашање, Кина лансира сателит во мај 2018 година, кој помогна да се пренесуваат информации.

Фотографијата на подалечната страна на месечината покажува неплодна, пустинолика површина, која е обележана со кратер. Во далечината се гледа поиздигнат терен.

Сепак, задачата на сондата не е само да фотографира: Чанг'e 4 ќе изврши неколку експерименти додека се наоѓа на Месечината, вклучувајќи и тестирање дали растенијата растат во средина со ниска гравитација, истражување на половите во потрага по вода или други ресурси и набљудување на интеракцијата помеѓу сончевите ветрови и површината на Месечината.

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе