Прстенесто затемнување на Сонцето: Луѓето во Азија се собраа да го гледаат „огнениот прстен“ (ВИДЕО)

Луѓето ширум Азија сведочат на прстенесто затемнување на Сонцето, познато и како „огнен прстен".

Во голем број земји толпи луѓе се собраа да го следат природниот феномен, вклучувајќи ги Шри Ланка, Индонезија, Индија и Саудиска Арабија.

Во прстенестото затемнување, Месечината го покрива центарот на Сонцето, наликувајќи на светол прстен.

Обично секоја година на Земјата има две соларни затемнувања, и тие се случуваат само кога Земјата е целосно или делумно во сенката на Месечината.

Претходното затемнување на Сонцето беше на 2 јули и беше видливо речиси исклучиво над Јужна Америка. Следното целосно затемнување на Сонцето ќе биде на 14 декември 2020 година и ќе биде видливо низ делови на јужно Чиле и Аргентина, како и југо-западна Африка и Антарктик.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе