Блоб

Претставен нов мистериозен организам. Нема мозок, но може да учи (ВИДЕО)

Зоолошката градина во Париз претстави мистериозен нов организам наречен „блоб", жолтеникаво едноклеточно живо суштество кое личи на габа, но се однесува како животно.

Овој изложен организам во париската зоолошка градина, кој ќе биде достапен за јавноста од сабота, нема уста, стомак, ниту очи, а сепак може да ја открие храната и да ја свари.

Блоб има речиси 720 пола, може да се движи и покрај тоа што нема нозе или крилја, и сам се лекува за две минути ако се преполови.

„Блоб е живо суштество и една од тајните на Мајката природа“, вели Бруно Дејвид, директор на Природонаучниот музеј во Париз, кој работи во рамки на зоолошката градина.

„Нè изненади затоа што нема мозок, а сепак е способен да учи (…), па ако споите два блоба, оној што научил одредени знаења, ги пренесува на другиот“, објаснува директорот.

Блоб го добил името по научно-фантастичниот хорор од 1958 година, во кој глуми младиот Стив Меквин, во кој вонземно суштество Блоб консумира сè што ќе му наиде на пат во гратче во Пенсилванија.

„За сигурно знаеме дека блоб не е растение, но не сме сигурни дали станува збор за животно или габа“, вели Дејвид.

„Се однесува изненадувачки за некој што изгледа како печурка (…) се однесува како животно и е способен да учи“, рече тој.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе