Прв говор во живо од подводно возило

Претседателот на Сејшелите од 121 метар под вода: „Ни снемуваат изговори и време“ (ВИДЕО)

Во впечатлив говор длабоко под површината на океанот претседателот на Сејшелите упати молба до светот за посилна заштита на „пулсирачкото сино срце на нашата планета“.

Повикот на претседателот Дани Форе за акција, првиот говор во живо од подводно возило, доаѓа од една од многуте островски нации загрозени од глобалното затоплување.

Претседателот зборуваше за време на посетата на амбициозна британска научна експедиција што ги истражува длабочините на Индиски Океан. Океаните покриваат повеќе од две третини од светската површина, но остануваат, во најголем дел, неистражени.

Фуре рече дека „ова прашање е поголемо од сите нас и не можеме да чекаме следната генерација да го реши. Ни снемуваат изговори да не преземеме акција и ни снемува време“, рече претседателот од длабочина од 121 метар под површината на водата, на морското дно во близина на најоддалечените острови на африканската нација.

Носејќи маичка и шорцеви „Сејшели“, претседателот за Асошиетед прес по говорот изјави дека искуството е „многу, многу кул“. Каков биодиверзитет!“ Тоа го направило уште поодлучен да зборува за заштита на морињата, рече тој. „Ние едноставно треба да го направиме она што треба да се направи. Научниците објаснија“.

Многумина ја потценуваат улогата на океаните во регулирањето на климата и заканите со кои тие се соочуваат, иако, како што истакна Форе, тие создаваат „половина од кислородот што го дишеме“. Научните мисии се од суштинско значење за зачувување на подводните екосистеми.

Малите островски земји се меѓу најранливите од порастот на нивото на морето предизвикан од климатските промени. Ерозијата на земјата, умирањето на коралните гребени и зголемената зачестеност на екстремните временски настани го загрозуваат нивното постоење.

За време на експедицијата, морските научници од Универзитетот во Оксфорд го испитувале подводниот живот, мапирале големи површини од морското дно и се спуштале длабоко со подморници и подводни беспилотни летала.

Малку е познато за водениот свет под длабочините од 30 метри, границата до која може да оди еден обичен нуркач. Работејќи на длабочина до 500 метри, овие научници се првите што истражувале области со голема разновидност, каде што сончевата светлина слабее и почнува длабокиот океан.

До крајот на мисијата, истражувачите очекуваат да спроведат над 300 „прошетки“, да соберат околу 1.400 примероци и 16 терабајти податоци и да истражат околу 25.000 квадратни метри од морското дно со помош на повеќезрачната соларна опрема со висока резолуција.

Податоците ќе бидат искористени за да им се помогне на Сејшелите да ја прошират својата политика на заштита на речиси една третина од нивните национални води до 2020 година. Иницијативата е важна за „сината економија“ на земјата, обид да се балансираат потребите за развој со оние на животната средина.

„Од оваа длабочина, можам да видам неверојатен див свет, на кој му е потребна нашата заштита, и последиците од оштетувањето на овој огромен екосистем, кој постои со милениуми“, рече Форе во својот говор. „Со текот на годините, ние ги создадовме овие проблеми. Ние можеме и да ги решиме“.

Во моментов, само околу 5% од светските океани се заштитени. Државите се согласија да ја прошират областа на 10 отсто до 2020 година. Но експертите и активистите за заштита на животната средина велат дека меѓу 30 и 50 отсто од океаните надвор од националните територијални води треба да добијат статус на заштита за да се обезбеди морската биолошка разновидност.

Истражувачите се надеваат дека нивните наоди, исто така, ќе придонесат во тековните разговори на ОН, чија цел е да се подготви првиот договор за заштита на отворено море, кој треба да биде комплетиран годинава.

Групите за заштита на животната средина тврдат дека е неопходен меѓународен договор, бидејќи климатските промени, прекумерниот риболов и обидите за минирање на морското дно во потрага по скапоцени минерали, вршат неиздржлив притисок врз морскиот живот, кој може да има катастрофални последици и за копнените суштества.

Океаните ќе бидат една од седумте главни теми на годинешниот самит за климатски промени во Чиле во декември.

Иако научниците се приближуваат кон крајот на својата експедиција, голем дел од нивната работа е само почеток.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе