Пред 60 години првиот човек што стигна до вселената го постави и овој неверојатен рекорд

Ретко се зборува за другата голема пресвртница на советскиот космонаут Јуриј Гагарин.

Фото: ЕПА

Пред шеесет години оваа недела советскиот космонаут Јуриј Гагарин стана првиот човек што ја пробил атмосферата на Земјата и безбедно стигнал до вселената. Гагарин помина 108 минути врзан во своето летало Восток 1 пред да се врати на Земјата како херој. Но за време на своето неверојатно патување на 12 април 1961 година, Гагарин постави уште еден рекорд кога стана првата личност што доживеала хиперсоничен лет.

За да може некој објект да достигне суперсонична брзина, тој мора да ја надмине брзината на звукот, или мах 1. Брзината на звукот, пак, може да се промени во зависност од составот и температурата на воздухот низ кој патува звукот или објектот. Бидејќи воздухот е поредок и постуден повисоко во атмосферата на Земјата, условите за брзината што ќе ја пробие оваа бариера во височина се полесни отколку на нивото на морето.

Легендарниот тест-пилот и мајор на американското воено воздухопловство Чак Јегер стана првата личност што го достигна овој рекорд кога, во 1947 година, го управуваше својот истражувачки авион Бел Х-1 на 13.700 метри над површината на Земјата, ја проби локалната звучна бариера и достигна најголема брзина од 1.100 километри на час, или мах 1,06.

Досега само неколку вешти пилоти патуваа со хиперсонична брзина - брзина околу пет пати поголема од брзината на звукот. Но голем дел од физиката на хиперсоничниот лет сè уште е мистерија.

Додека леталото патува побрзо и побрзо над брзината на звукот, генерира серија бранови на притисок. Овие бранови на притисок се насобираат (замислете бран на сообраќаен метеж) и формираат ударен бран што го опкружува леталото, изјави за Поп Мех Хавиер Урзај, постар истражувач во Центарот за истражување турбуленции на Универзитетот Стенфорд. Кога се зголемува брзината на леталото, рапидно се зголемуваат притисокот и температурата на гасните молекули во неговата непосредна близина.

За леталата што патуваат со суперсонична брзина, примарна загриженост се силите како воздушниот отпор. Но кога леталото ќе достигне хиперсонична брзина, во главниот фокус доаѓа топлината.

„Не знаеме како да ги процениме тие термички механички количества затоа што не ги разбираме основните физички аспекти на целиот протек околу леталото на тие големи брзини“, вели Урзај.

Освен тоа, потребна е голема сметачка моќ за да се направат овие процени, вели Популар механикс.

На патот назад кон површината на Земјата, Гагарин и неговата капсула Восток 1, наводно, достигнале хиперсонична брзина. Еден месец подоцна, Алан Шепард стана првиот Американец што доживеал хиперсонична брзина, кога неговата капсула надмина мах 5 за време на повторното влегување во атмосферата на Земјата.

Рекордот за најбрзо човечко патување досега, да бидеме искрени, го држи екипажот на „Аполо 10“, кој во 1969 година достигна брзина од 40.000 км / ч, или 30 пати побрзо од брзината на звукот, додека беа во слободен пад низ атмосферата на Земјата. Технички, ова не беа контролирани летови.

Шест години по славниот лет на Гагарин, мајорот на американското воено воздухопловство Вилијам Џ. Најт ја доби титулата „најбрзиот човек на Земјата“ кога го пилотираше својот северноамерикански ракетен авион Х-15А-2 со брзина од мах 6,7, или 7.270 км / ч. Испуштено од Б-52 на висина од околу 14.000 метри, леталото се вклучи и го почна приближно 8-минутниот дел од летот.

Помеѓу 1959 и 1968 година, 12 пилоти спроведоа скоро 200 пробни летови. Сите тие им помогнаа на научниците и инженерите да ги откријат опасностите на хиперсоничниот лет.

До денес, ниту едно контролирано летало управувано од човек го нема надминато рекордот на Најт.

Урзај вели дека можеби ќе треба да почекаме некое време за хиперсонични комерцијални летови дизајнирани да пренесуваат стотици патници „високо“ над границата мах 5. Сепак, производителите како „Боинг“ работат на концептни авиони што полетуваат со користење на вообичаените турбовентилаторни мотори, но за да се достигнат максималните брзини се потпираат на „ремџети“, вид воздушно-млазен мотор што го користи движењето на авионот нанапред за да го компресира воздухот.

Но сѐ уште е рано за купување билети за нив. „Многу малку ги разбираме основните физички процеси што се случуваат во гасовитата атмосфера околу авионот на големи мах-бројки“, вели Урзај. „Тие предизвици сè уште се тука, и по 60 години“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе