„Љубов Орлова“

Празниот југословенски брод кој со години бесцелно талка по Атлантикот (ВИДЕО)

Славниот брод „Љубов Орлова“ со години талка по Атлантскиот Океан, а последен пат беше виден во 2013 година 1.000 километри од брегот на Ирска. Екипата на документарецот на Сајенс ченел сега шпекулира дали овој брод пред неколку дена се насукал на брегот на Калифорнија, иако тоа е речиси невозможно.

„МВ Љубов Орлова“, бродот кој го доби името по славната руска театарска глумица, е изграден во 1976 година во бродоградилиштето Краљевица во поранешна Југославија по нарачка на руската компанија Фар истерн шипинг од Владивосток, која имаше намера овој мразокршач да биде главно превозно средство за екскурзии по Атлантикот.

„Сѐ на тој брод беше од југословенско производство. Челикот, бродските мотори, мебелот, инсталациите. Единственото што Русите бараа на оваа серија патничко-товарни бродови беше дека навигациските уреди и комплетната опрема за кујната мора да бидат нивни. Зошто баш тие нешта, навигацијата и кујната, никогаш не добивме одговор“, вели за хрватските медиуми Божидар Девчиќ, поранешен шеф на Техничката канцеларија.

Југословенскиот брод со години успешно им одолеваше на суровите услови, па издржа сѐ – од бури до ледени санти, а своите задачи успешно ги извршуваше сѐ до 2006 година. Сепак, поради долгови на сопственикот на компанијата од 251.000 долари, бродот беше задржан во пристаништето Сент Џон во Њуфаундленд во 2010 година. Две години подоцна беше продаден на компанијата Нептјун интернешнал шипинг, која имаше намера да го растури на делови. Планот беше бродот да се префрли до Доминиканска Република за да се расклопи и да се продаде сѐ што може. Само еден ден откако бродот беше извлечен од пристаништето, со специјално направен реморкер, пукна безбедносното јаже. Екипажот на реморкерот безуспешно се обидуваше да го фати напуштениот брод, но високите бранови и ударите на ветерот ги спречија во тоа.

Набрзо бродот влезе во меѓународни води и канадското министерство за сообраќај кажа дека тој повеќе не претставува опасност за канадските компании поради што го напуштија. Во претодните години беше виден како бесцелно талка по Атлантикот, а британските таблоиди пренесуваат дека бродот веројатно е преполн со стаорци канибали кои се јадат едни со други за да преживеат.

Бродот од југословенско производство беше тежок 4.000 тони, а можеше да превезе 110 патници и членови на екипажот.

Иако најпривин се шпекулираше дека бродот се насукал на брегот на Калифорнија иако тоа е малку веројатно, утврдено е дека речиси идентичниот брод кој се насукал на брегот на Тихиот Океан бил поранешна мафијашка коцкарница на вода и дека нема врска со југословенскиот брод.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе