2020 година била за 1,25 степени потопла од прединдустрискиот период како и 2016 година.
Меѓутоа, 2016 година ја одбележа Ел Нињо кој придонесе за зголемување на температурата меѓу 0,1 и 0,2 степени.
Климатологот Зеке Хаусфадер кажа за Франс прес дека температурата од 70-тите години од минатиот век се зголемувала за 0,2 отсто по деценија.
Светската метеоролошка организација соопшти на крајот на декември дека 2020 е меѓу трите најтопли години.
Во Европа, која ја одбележа исклучителен топлотен бран, 2020 година беше далеку најтопла, за 0,4 степени повеќе од 2019 година и за 1,6 степени повеќе од референтниот период во 1981-2010, односно за 2,2 степени повеќе од прединдустрискиот период.
Во арктичкиот регион, особено во Сибир, годината ја одбележа и „исклучително динамична“ сезона на шумски пожари поради што биле испуштени 244 мегатони јаглерод-диоксид.
По едната изолирана година, периодот 2015-2020 е најтоплиот некогаш забележан, а последната деценија (2011-2020) и исто така најтоплата од почетокот на индустриската ера.