Португалија ја довршува најголемата пловечка соларна централа во Европа (ФОТО)

Португалската електроенергетска компанија ЕДП објави денес дека се довршува поставувањето на најголемиот пловечки фотонапонски парк во Европа, кој на Португалија од јули ќе ѝ овозможи забрзано преминување на обновливи извори на енергија.

EPA-EFE

Два брода поставиле 12 илјади соларни панели со површина од четири фудбалски игралишта и инсталиран капацитет од пет мегавати на акумулациското езеро Алкева, најголемото вештачко езеро во Западна Европа.

„Овој проект е најголемиот пловечки соларен парк во рамки на хидроцентрала во Европа и ќе биде референтен за други слични проекти“, кажа при поставувањето на плочите шефот на проектот на ЕДП Мигел Патена.

Панелите ќе произведуваат 7,5 гигават часови електрична енергија годишно и со струја ќе снабдуваат 1.500 семејства или третина од потребите на градовите Мура и Портел.

Дополнување ќе им бидат литиумски батерии за чување на енергијата со капацитет од два гигават часови. Струјата произведена во пловечкиот соларен парк ќе биде за две третини поевтина од таа произведена во термоцентралите на гас.

Пловечките панели не бараат купување скапи недвижнини, а тоа на акумулациските езера во состав на хидроцентрали се особено исплатливи бидејќи можат да се спојат на нивниот приклучок на електроенергетската мрежа. Вишокот енергија произведен во сончевите денови може да пумпа вода назад во езерото и да се користи во облачни денови или ноќе.

Соларните панели поставени на понтони на езеро или на море се поставена на повеќе места од Калифорнија до загадени индустриски води во Кина, во борбата за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

ЕДП прв во Европа ја тестираше можноста за меѓусебно надополнување на хидро и соларната енергија во 2017 година со пилот проект на пловечки фотонапонски остров со 840 панели на браната Ало Рабагао.

Португалската компанија веќе планира да го прошири проектот во Алкева и во април побара дозвола за уште еден „остров“ со сила од 70 мегавати.

Изградбата на фотонапонски системи е составен дел од португалскиот план за намалување на зависноста од увозот на фосилни горива чии цени пораснаа по руската инвазија на Украина.

Португалија има многу сончеви денови и изложен е на ветришта од Атлантскиот Океан па го забрза преминот на обновливи извори на енергија. Иако речиси и не користи руски енергенси, растот на цените на горивата влијае и на неговите централи на гас.

Проектот во Алкева е дел од стратегијата на ЕДП за целосен премин на обновливи извори до 2030 година, а хидроенергијата и другите обновливи извори сега сочинуваат 78 отсто од инсталираните капацитети на ЕДП од 25,6 гигавати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе