Поради глобалното затоплување Шведска го загуби својот највисок планински врв

Според најновите мерења, Шведска во последните неколку години, поради забрзаното топење на глечерите над планинскиот масив Кебнекаисе, го загуби својот највисок планински врв.

„Ова е прилично јасен показател за сите во Шведска дека работите се менуваат“, кажа географката Гунхилд Нинис Росквист, од Универзитетот во Стокхолм, која веќе неколку години се бави со мерење на нивото на глечерите.

На крајниот север на Шведска, околу 150 километри во Арктичкиот круг, се наоѓа масивот Кебнекаисе кој има два врва: јужен и северен. Откако почнале мерењата, во далечната 1980 година, јужниот врв бил повисок. Но, кога Нинис Росквист и нејзиниот тим го извршиле годинешното мерење, северниот врв бил за 1,2 метри повисок од јужниот и имал висина од 2.097 метри.

Според претходните мерења, јужниот глацијален врв бил висок 2.106 метри.

„Се сомневавме дека е така уште минатата година, но, за жал, поради недоволно прецизната опрема за мерење не бевме во можност тоа да го потврдиме. Но сега можеме“, кажа Росквист за Гардијан и додаде дека јужниот врв сега е рекордно низок, 24 метри понизок отколку што бил во 1960-тите.

„Се намали во изминатите две децении кога почна да губи по еден метар годишно“, кажа таа.

Имајќи предвид дека се очекува во текот на зимата во одредена мера да се поправи глечерот поради наносите на снег и мраз, јужниот врв би можел повторно, барем некое време, да го преземе водството.

„Сега тие некое време ќе се менуваат во тоа кој е повисок. Но трендот на намалување на висината е јасно видлив“, кажа Росквист. Таа објасни дека раст на помалите глечери, како оној на јужниот врв на Кебнекаисе, поважни се студените лета од острите зими.

Шведска овој мај и јули ги забележа најтоплите месеци во историјата, со температури повисоки за 10 Целзиусови степени од просекот. Кога на тоа ќе се додадат пожарите кои неодамна го пустошеа Арктикот, јасно е зошто годинава глечерот Кебнекаисе се намалил за речиси четири метри.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе