Истражувач смета дека ја знае локацијата на авионот

Почна нова потрага по Амелија Ерхарт, една од најголемите мистерии на 20 век

Роберт Балард е човекот што гo најде „Титаник“ и други славни потонати бродови. Месецов неговата екипа почна да се обидува да реши една од најголемите мистерии на 20 век.

Роберт Балард, истражувачот што го најде „Титаник“, во моментов е во мисија да ги пронајде остатоците од авионот на Амелија Ерхарт.

Во интервју за Њујорк тајмс, Балард објаснува како се впуштил во потрагата по Ерхарт.

Д-р Балард отсекогаш сакал да ги пронајде остатоците од авионот што Амелија Ерхарт го управувала кога исчезна во 1937 година. Но се плашел дека таа потрага ќе биде уште една во серијата безуспешни пребарувања.

Сè до неодамна, д-р Балард ја имал прифатено верзијата на морнарицата за судбината на Ерхарт: на 2 јули 1937 година, при крајот на нивниот лет низ целиот свет, авијатичарката и нејзиниот навигатор Фред Нунан исчезнаа над Пацификот. По долгото и скапо пребарување, морнарицата на 18 јули 1937 година заклучи дека двајцата загинале набргу откако се урнале во океанот.

Но во 2012 година еден стар пријател од периодот кога работел во поморското разузнавање му претставил на Балард извонредна друга верзија. „Сакам да ти покажам една фотографија“, му рекол тој.

Она што се гледало на таа зрнеста црно-бела слика било тоа што во круговите на Ерхарт е познато како „Бевингтонов предмет“. Фотографијата покажува, верува Балард, тркало од авионот на Ерхарт во гребен од малиот остров Никумароро во Пацификот.

Британски офицер по име Ерик Бевингтон, ја направил фотографијата во 1937 година, додека трагал по Ерхарт три месеци по нејзиното исчезнување, иако дури во 2010 година еден форензичар за фотографии открил сомнителна дамка и со дигитално преработување на фотографијата заклучил дека формата на дамката одговара на тркалото на авионот на Ерхарт, Локхид модел 10-Е Електра.

Балард првпат ја видел фотографијата во 2012 година, а сега е еден од водачите на потрагата околу Никумароро со својот високотехнолошки брод, Наутилус.

Покомплицирано е отколку што мислите. „Замислете дека од страна пребарувате вулкан ноќе со фенерче“, вели Балард.

Нешнел џиографик сосаети ја финансира мисијата, а магазинот Нешнел џиографик детално разгледува како се одвива пребарувањето, кое почна месецов. Првиот чекор е испраќање „роботски брод“ за мапирање на подводниот терен. Потоа следува макотрпна анализа на добиените податоци, во потрага по аномалии. Далечински управувани возила испраќаат постојан видеострим, кој треба исто така да се прегледа.

„Сè што некогаш сум нашол го најдов визуелно“, вели Балард.

Во 1985 година тој го откри расфрланиот „Титаник“ на дното на Атлантски Океан. Тој и неговиот тим го лоцираа и џиновскиот нацистички воен брод Бизмарк, а неодамна и остатоците од 18 брода во Црно Море.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе