По апокалиптичните вести за „Богот на хаосот“, Маск предупредува дека Земјата нема одбрана од астероиди

Џиновскиот астероид Апофис, кој ита кон Земјата, предизвика низа панични вести. Илон Маск предупредува дека сме целосно беспомошни против астероидите што убиваат планети, дури и ако овој конкретниов не претставува закана.

Маск реагираше на твит од својот пријател, поткаст-водителот Џо Роган, кој сподели вест за т.н. астероид „Бог на хаосот“ од британски Експрес, што е само најновата статија за крајот на светот во врска со овој конкретен астероид, какви што излегуваат на секои неколку недели.

„Одлично име! Не би се грижел за овој конкретен астероид, но некоја голема карпа некогаш ќе ја погоди Земјата, а во моментов ние немаме одбрана“, рече основачот на „Спејсекс“.

Отприлика голема колку четири фудбалски игралишта, ако вселенската карпа ја погодеше Земјата, ќе нè смачкаше со сила од 15.000 нуклеарни оружја детонирани во исто време.

Сепак, Маск со право предупредува дека целиот наратив за Апофис е малку претеран: кога ќе пролета блиску до Земјата во 2029 година, астероидот ќе дојде на 37.600 км од нашата планета, само една десеттина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината. Страшно, ама не баш апокалиптично.

Кога ќе пролета крај Земјата на 13 април 2029 година, астероидот именуван по египетскиот бог на злото и уништувањето, кој живеел во вечен мрак, повеќе ќе им овозможи прекрасен спектакл за набљудувачите на ѕвезди отколку што ќе го уништи целиот живот на Земјата.

НАСА вели дека „меѓународната заедница што ги истражува астероидите е мошне возбудена“ поради овој потенцијален предвесник на апокалипсата, затоа што, како што вели агенцијата, тој претставува „неверојатна можност за науката“.

Всушност, НАСА ќе го искористи блискиот прелет во 2029 година како можност за истражување и развој на подготовките за заштита на нашата планета, околу која Маск е толку загрижен.

„Со набљудување на Апофис за време на неговото прелетување во 2029 година, ќе добиеме важни научни сознанија што еден ден би можеле да се искористат за планетарна одбрана“, рече Пол Чодас, директор на одделот на НАСА за блиски прелети ЦНЕОС.

Всушност, НАСА и Масковиот Спејсекс веќе ја развиваат својата прва мисија за пренасочување астероид за т.н. Двоен тест за пренасочување астероиди, чија цел ќе биде астероидот 65803 Дидимос некаде во јуни 2021 година со користење на една од ракетите на „Фалкон 9“ на Спејсекс со 69 милиони американски долари од НАСА.

Сепак, НАСА признава дека останува мала шанса тој да удри во Земјата, со шанси 1 на 100.000, „многу децении отсега“, иако се очекува подеталните идни пресметки ефикасно да го направат астероидот безопасен за нашата планета.

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе