По 130 години: еден килограм од денес повеќе нема да биде ист

Во последните 130 години килограми како единица мерка беше дефиниран со физички цилиндар направен од легура на платина и иридиум, кој се чува во Меѓународното биро за тегови и мерки во Франција.

Меѓутоа, секој пат кога научниците го земале во раце тој цилиндар, тој губел атоми па се проценува дека сега е 50 микрограми полесен отколку кога бил направен.

Поради тоа научната заедница усвои нова дефиниција на килограмот, која на сила стапува денес, 20 мај.

Од денес килограмот официјално ќе се мери како физичка константа наречена Планкова константа. Таа константа го изразува односот во квантната физика меѓу енергијата и зачестеноста на честичките.

Новата дефиниција е добиена со помош на уред кој се вика Киблов механизам, кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на предметите со употреба на прецизно измерена електромагнетна сила.

Оваа одлука има историско значење за научната заедница, иако во практиката и во секојдневната примена нема да има никакви промени.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе