вторник, 16 април 2024

Јордан: Нетанјаху се обидува да го сврти вниманието од Газа со ескалацијата со Иран

Јорданскиот министер за надворешни работи, Ајман Сафади, кажа дека меѓународната заедница треба да го спречи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обидот да го украде вниманието од Газа со ескалацијата на својата конфронтација со Иран, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На конференцијата за новинари со својата германска колешка Аналена Бербок во Берлин, Сафади кажа дека Иран одговори на нападот на својот конзулат во Дамаск и најави дека „не сака понатаму да ескалира“

„Ние сме против ескалација. Нетанјаху сака да го сврти вниманието од Газа и се фокусира на својата конфронтација со Иран“, додаде Сафади.

Иран на 13 април лансираше повеќе десетици беспилотни летала и проектили кон Израел.

Иранската државна телевизија пренесе соопштение на иранската Револуционерна гарда дека нападот на Израел наречен операција „Вистинско ветување“ и дека тоа е дел од казната за „израелските злосторства“. Тие додадоа дека мета на нивните проектили се специфични мети во Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден му го пренесе пред два дена на израелскиот премиер Нетанјаху американското противење на какво било одмаздничко дејствување против Иран.

Од друга страна, како што пренесува Фајненшал тајмс, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе го поддржи Иран ако Соединетите Американски Држави ја нападнат иранската територија како поддршка на Израел.

Сардар Багери, шефот на персонал на иранските оружени сили, кажа дека, од иранска перспектива, воената операција против Израел е завршена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ