Роверот на НАСА

Персевиренс наскоро ќе слета на Марс - еве како да го гледате слетувањето во живо

Роверот Персевиренс на НАСА за само неколку часа ќе слета на Марс.

Фото: ЕПА

Вселенското летало тргна од Земјата пред седум месеци и сега треба да влезе во најопасната фаза од своето патување - слетувањето.

Последните моменти од патувањето на Персевиренс се опишуваат како „седум минути терор“, за време на кој леталото ќе влезе во Марсовата атмосфера со употреба само на своите сопствени контроли. Поради 11-минутно доцнење во комуникацијата, експертите од НАСА нема да можат да ги исправаат евентуалните грешки.

Со оваа мисија, која чини 2,4 милијарди долари и безброј работни часови, многу работи се на коцка – а без разлика дали ова ќе заврши со триумф или катастрофа, ние ќе можеме во живо да гледаме како се одвива слетувањето.

Кое време ќе слета роверот?

Предвидено е Персевиренс да слета на црвената планета денеска во 21.43 часот (по наше време).

Настанот може да се гледа на официјалната веб-страница на НАСА со известување во живо, кое ќе почне во 20.15 часот. Вселенската агенција ќе емитува снимки во живо од слетувањето на својот канал на Јутјуб и своите профили на Твитер и на Фејсбук.

Што ќе прави роверот на Марс?

Персевиренс ќе слета во кратерот Језеро, локација широка 45 км, која содржи талози од античка речна делта, каде што би можеле да се зачувани докази за минатиот живот доколку некогаш постоел на планетата.

Персевиренс ќе носи инструменти наменети за трагање по јаглеродните основни елементи на животот и други микроби и за реконструкција на геолошката историја на црвената планета.

Инструментите ќе ги анализираат примероците од површината, одбрани примероци собрани со дупчење до 7 сантиметри длабочина и потоа запечатени во специјални цевки и складирани на роверот.

Кога роверот ќе стигне на погодно место, на површината на Марс ќе ги испушти цевките, кои ќе бидат собрани во идна мисија, која во моментов се развива.

НАСА и научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) планираат како ќе бидат организирани примероците по нивното враќање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе