Пентагон објави драматична снимка од тестирање нуклеарна бомба Б61 (ВИДЕО)

Инженерска лабораторија на Пентагон објави снимка од воздушни тестирања на ненуклеарните елементи на гравитациската бомба Б61-12, која треба да биде идното американско оружје за одвраќање, одржани на полигон со забранет пристап во пустина во Невада.

Петминутното видео на Сандија националната лабораторија го покажува целиот процес на подготовка и фрлањето на тактичките нуклеарни вомби Б61 на тестниот полигон Тонопа во Невада во јули 2017.

Бомбите биле тестирани со помош на два бомбардери Ф-15.

Различни верзии на нуклеарната гравитациска бомба Б-61 се користат во различни бази на САД и НАТО веќе пет децении. Иако низ годините Пентагон разви бројни модификации на смртоносното оружје, варијантите 3,4,7 и 11 остануваат во употреба. Јачината на Б-61 варира од 0,3 до 50 килотони. Првата од двете бомби кога било употребена, која беше фрлена врз јапонскиот град Хирошима, имаше јачина од 15 килотони.

Тестирањата се дел од програмата за унапредување на последната верзија на Б-61 за да се продолжи рокот на употреба за најмалку 20 години. Првите бомби од најновата генерација треба да ѝ бидат испорачани на американската војска во 2020 година.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе