Истражување

Паѓа интересот за Фејсбук, младите ги претпочитаат Уатсап, Инстаграм и Снепчет

Голем број луѓе се префрлаат од Фејсбук на затворени форуми како Уатсап за да разговараат за дневните вести, поради загриженоста за приватноста, лажните вести и токсичните дискусии, покажува анкетата на Ројтерсовиот Институт за истражување на новинарството објавена денес.

Следењето вести преку Фејсбук опаѓа, особено меѓу младите кои ги претпочитаат Уатсап, Инстаграм и Снепчет.

Фејсбук и понатаму е најпопуларната социјална мрежа за вести, со 36 отсто користење минатата недела, но губи во трката со другите апликации, особено со Уатсап, која за четири гофини тројно ја зголеми популарноста како извор на вести и сега е на 15 отсто.

Луѓето се чувствуваат подобро кога разговараат на затворените платформи, особено во земјите со поларизирани поделби, во кои е опасно отворено да се изрази политички став, како Малезија и Турција, се наведува во студијата.

Анкетираните изјавиле дека вестите често ги наоѓаат на Фејсбук и Твитер, а ги објавуваат во групи на Уатсап за разговор со помала група пријатели.

Иако поголемиот дел од падот на Фејсбук може да се препише на изменетите алгоритми, чија цел е интеракција со семејството и пријателите, довербата е една од главните замерки за таа социјална мрежа.

Само 23 отсто од 74.000 анкетирани во 37 земји изјавиле дека им веруваат на вестите на социјалните мрежи, во споредба со 44 отсто доверба во вестите во вкупниот поредок.

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе

Ако нешто е направено спротивно на законот, тогаш тоа што е направено е ништовно по силата на правото (ipso iure). 

повеќе

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе