Озонската дупка над Јужниот пол сега е поголема од Антарктикот

Озонската дупка која секоја година се создава над Јужниот пол сега е поголема од Антарктикот, објавија научниците од службата за следење на атмосферата Коперникус на Европската Унија.

EPA-EFE

Според Коперникус, големината на озонската дупка над Јужниот пол обично го достигнува максимумот меѓу средината на септември и средината на октомври. Откако во изминатите денови „значително пораснала“, дупката сега е поголема од континентот над кој се надвива.

„Оваа година озонската дупка на почетокот на сезоната се разви како што се очекуваше. Но сега нашите прогнози покажуваат дека дупката еволуира повеќе од вообичаеното“, соопшти директорот на Коперникус Винсент Анри Пош.

Коперникус ја следи озонската обвивка со помош на компјутерско моделирање и сателитски снимки. Иако озонската обвивка покажува знаци на опоравување, од Коперникус велат дека целосно ќе се поправи дури во 2060-тите или 2070-тите, пренесува Си-ен-ен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе