Озлогласениот руски робот „бегалец“ кој „се сеќава на сите што ќе ги сретне“ се ракуваше со Владимир Путин (ВИДЕО)

Озлогласениот интелигентен робот што двапати избега од својата лабораторија, се ракуваше со Владимир Путин.

Рускиот претседател беше на турнеја низ ИТ изложбата во Перм, која станува позната како Силиконска долина на земјата, кога се сретна со Промобот.

Се вели дека машината со големите очи изработена во Русија веднаш го препознала Путин и ентузијастички се претставила со ракување.

Промобот се користи како водич, модел и промотивен продавач низ цела Русија и води база на податоци за истакнати јавни личности.

Сепак, андроидот стаса на насловните страни минатата година за неговите обиди за бегство.

Минатата година роботот беше уапсен на политичкиот собир кога го поддржуваше кандидатот на рускиот парламент, Валериј Калачов, во Москва.

Властите се обиделе со лисици да го приведат Промобот и да го одведат.

Се верува дека до апсење дошло откако член од јавноста ја повикал полицијата бидејќи Промоботот ги снимал мислењата на гласачите за разни теми „за понатамошна обработка и анализа од страна на тимот на кандидатот“.

Портпаролот на компанијата за магазинот Инверс изјави: „Полицијата се обиде да го отстрани робот од преполната област, па дури и се обиде да му стави лисици“.

„Според очевидци, робот не давал никаков отпор“.

Роботот стаса на насловните страни и во минатото, кога избега од својата лабораторија и се движеше низ сообраќајот - двапати.

Тоа предизвика хаос на улиците, стасувајќи на пола пат пред да му се испразнат батериите, оставајќи го заглавен на сред сообраќај.

Роботот беше надвор на патот до истражувачката лабораторија повеќе од еден час додека возилата се обидуваа да се движат околу него.

Промобот - скратено од Промотивен робот - е уникатен робот создаден од руски научници и е дизајниран да работи во односи со клиенти.

Тој е дизајниран да комуницира со луѓето реално и може да одговори на прашања и да се сеќава на секој човек што некогаш го сретнал.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе