„Овој пат ќе останеме“: НАСА објави дека планира да се врати на Месечината засекогаш

Шефот на НАСА го изложи амбициозниот план на вселенската агенција следната година да се врати на Месечината и овојпат да остане таму и да го истражи сателитот како никогаш досега.

Во „смел одговор“ на задачата што им ја даде американскиот претседател Доналд Трамп првпат да ја напуштат орбитата на Земјата од 1972 година, администраторот на вселенската агенција, Џим Бриденстајн, напиша напис во кој ги повикува приватните американски компании и индустриски лидери да „помогнат во дизајнирањето и развивањето на човечките лунарни лендери“.

Бриденстајн ги откри целите на агенцијата за блиската и за далечната иднина, вклучувајќи и враќање на астронаутите на Месечината и испраќање на првите астронаути на Марс. Сепак, шефот на НАСА појасни дека повторното испраќање луѓе на Месечината не значи дека ќе се оди „на истиот начин како и пред 50 години“.

„Ќе одиме на Месечината со иновативни нови технологии и системи за истражување повеќе локации на површината отколку што мислевме дека е можно. Овој пат, кога ќе отидеме на месечината, ќе останеме таму“, напиша тој.

Бриденстајн рече дека НАСА е подготвена да почне „што е можно побрзо“ и дека веќе е посветена на работата со девет американски компании да почнат да се испраќаат нови научни инструменти на површината на Месечината во комерцијални товарни испораки.

Амбициозната нова мисија ќе почне следната недела, според Бриденстајн, кога агенцијата ќе се состане со индустриските лидери во седиштето на НАСА за да почнат да разговараат за лунарните лендери. Тимот планира да го спроведе своето прво комерцијално слетување на површината на Месечината до крајот на 2020 година.

Бриденстајн вели дека новата мисија ќе им ја претстави Месечината на повеќе од две третини од Американците што не биле родени за време на легендарното слетување на Аполо.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе