Оваа црна дупка не може да постои, а ене ја

ЛБ-1 е далеку поголема од другите ѕвездени црни дупки во нашата галаксија.

Ѕвездена црна дупка 70 пати поголема од масата на нашето сонце? Не е можно, велат експертите - а, сепак, таа постои. Група научници предводени од Кинезите ја забележале оваа „чудовишна“ црна дупка оддалечена околу 15.000 светлосни години и ја нарекле ЛБ-1, пренесува Вашингтон пост.

„Црни дупки со толкава маса не треба да постојат во нашата галаксија, според повеќето тековни модели на ѕвездена еволуција“, вели главниот научник Лиу Јифенг во соопштението за медиумите.

„...Сега теоретичарите ќе треба да се нафатат на предизвикот да го објаснат нејзиното формирање“.

За да го сфатиме тој предизвик, треба да погледнеме како се формираат ваквите црни дупки. НАСА вели дека тоа се случува кога големите ѕвезди исчезнуваат во експлозија на супернова, која се распаѓа под силата на гравитацијата. Гравитацијата станува толку силна што ништо не може да ѝ избега, дури ни светлината.

Но ЛБ-1 се чини премногу голема за да ја создала една единствена ѕвезда - на крајот на краиштата, другите ѕвездени црни дупки на нашата галаксија имаат само пет до 20 пати поголема маса од сончевата (за разлика од супермасивните црни дупки, обично во срцата на галаксиите, кои се многу потешки.) Можеби ЛБ-1 била создадена од две црни дупки што подоцна заробиле ѕвезда?

Студијата исто така упатува на феномен што засега е само теоретска претстава, во кој ѕвездата на умирање исфрла само малку материја, која паѓа назад, правејќи потешка црна дупка? И двете теории изгледаат можни.

Уште еден возбудлив елемент е тоа што ЛБ-1 е откриен со телескопи, што е прилично нов начин за забележување на црните дупки.

Откритието помага да се насочиме „кон ренесанса во разбирањето на астрофизиката на црната дупка“, вели еден од научниците.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе