Со дрон

Откриено дали во петтиот блок на Чернобил има нуклеарен отпад (ВИДЕО)

Првпат по 33 години, благодарение на снимките кои специјално конструираниот дрон Елиос 2 ги направил во петтиот блок на нуклеарната централа во Чернобил, се дозна дали во него има нуклеарен отпад.

EPA-EFE

Дронот Елиос 2 ѝ припаѓа на компанијата Флајабилити, а неговата задача била да изврши инспекција во една од најопасните и најнепристапни локации во светот. Станува збор за нуклеарната централа во Чернобил во која се случи познатата катастрофа во април 1986 година.

Ова беше прилика да се ѕирне за првпат во петтиот реактор на нуклеарката. Во времето на хаваријата во Чернобил петтиот блок бил во завршна фаза на изградба, но не се знаеше дали неговите базени имаат шипки со осиромашен ураниум.

Дронот Елиос 2 влегол во реакторот и, за среќа, открил дека базените се празни, односно дека во реакторот нема нуклеарен отпад. Овој тип дрон, инаку, се користи за надзор и инспекција на електроцентрали.

Леталото може да утврди колку време е потребно за гасење на електроцентралата и кои се клучните задачи во одржувањето.

Оваа мисија во Чернобил била особено тешка бидејќи дронот морал да прелета ѕид висок 70 метри, а доколку дошло до губење на сигналот, Елиос 2 би бил изгубен. Сепак, мисијата успешно завршила.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе