УСС Лексингтон

Откриени остатоци од носач на авиони од Втората светска војна (ФОТО+ВИДЕО)

Во Коралното Море се откриени остатоци од УСС Лексингтон, американскиот носач на авиони кој потона за време на Втората светска војна, објави во понеделникот тимот воден од коосновачот на Мајкрософт Пол Ален, пренесе АФП.

Остатоците се пронајдени во неделата од истражувачкиот брод на тимот, Р/В Петрел, околу 3.000 метри под површината, на 800 километри од источниот брег на Австралија.

Истражувачкиот тим објави фотографии и видеа од Лексингтон, еден од првите американски носачи на авиони, како и од некои авиони кои потонаа заедно со бродот.

На морското дно може да се види неверојатно сочуваниот авион со петокрака, обележјето на американската морнарица на крилата и трупот на авионот.

На еден авион, може да се види амблем од цртаниот лик Феликс мачката заедно со четири минијатурни јапонски знамиња со претпоставка дека се прикажани „убиствата“.

Истражувачкиот тим, исто така, објави фотографии и видеоснимки од делови на бродот, вклучувајќи ја и таблата со името и против-авионското оружје.

УСС Лексингтон и еден друг американски носач на авион, УСС Јорктаун, се бореле против три јапонски носачи на авиони од 4-8 мај 1942 година во Битката за Коралното Море, прва битка меѓу носачи.

Тешко оштетениот Лексингтон, наречен Лејди Лекс, намерно бил потопен од друг американски воен брод на крајот од битката.

Повеќе од 200 членови на екипажот загинале во битката, но повеќето биле спасени од други американски бродови пред потопот на Лексингтон.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе