Мистериозната пештера е пронајдена на островот Галиндез, каде што се наоѓа базата на Украинската антарктичка експедиција (УАЕ). Постоеше познат влез во пештерата наспроти станицата на брегот на островот, но пред неколку години отворот беше блокиран кога глечерот падна во океанот.
Тимот неуморно пребарувал за да најде друг влез во пештерата. По неколку неуспешни обиди, тие пронашле отвор кај една стара британска база - и откриле дека пештерата всушност е трипати поголема отколку што претходно се мислеше.
На долниот кат на велелепната пештера екипата пронашла замрзнато езеро и џиновска сала, висока речиси колку четирикатна зграда (12 метри), широка осум метри и долга неверојатни 30 метри. На трите ката на пештерата и на околу двестете метри пешачки патеки, тимот открил ледена река и птичји пердув во леден блок околу 20 метри под површината.
Истражувачите знаат дека пердувот не му припаѓа на пингвин, но примерокот е испратен во Украина за понатамошно испитување за да се утврди на што точно му припаѓа и, уште поважно, колку долго бил таму.