Откриен нов „копнен и воден“ велосираптор, како диносаурус

Научниците открија нов вид полуводен диносаурус што би можел да убие плен на земја и во вода, објавија научниците во средата.

Со лебедов врат и предни екстремитети како пераи, суштеството беше поврзано со велосирапторите, познати од филмовите „Паркот Јура“, кои живееле пред околу 75 милиони години во денешна Монголија, пренесе АФП.

„Треба да замислите мешавина помеѓу велосираптор, ној и лебед, со нос на крокодил и крилја на пингвин“, вели Павле Тафуроу, палеонтолог во Европскиот институт синхротроно зрачење (E-Ес-Ер-Еф) во Гренобл, Франција, и коавтор на студијата.

„Тоа е малку вонземјанско“, рече тој.

Научниците дошле до ова откритие со проучувањето на  фосилот, наречен „Халсзка“ за Халсзкараптор ескуилиеи (Halszkaraptor escuilliei), кој бил пронајден во Укхаа Толгод во јужна Монголија, што е добро познато место за заинтересираните ентузијасти за диносауруси кои бараат скелетни остатоци на овие изгубени суштества пред долго време.

Добро сочуваниот фосил има неочекувана мешавина на карактеристики кои укажуваат на тоа дека некои птичји диносауруси оделе на копно и се прилагодувале на полу-воден животен стил, изјавија научниците во студијата објавена во „Природа“, истакнувајќи дека ова е првото такво откритие.

„Халсзка можел да лови на копно и можел да плива и лови во вода“, рече Тафуроу.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе