Откриен најстариот материјал на Земјата, создаден пред Сончевиот систем (ВИДЕО)

Научниците веруваат дека го откриле најстариот материјал на Земјата, ѕвездена прашина од метеоритот Меркинсон кој во 1969 година паднал во југоисточна Австралија.

Тие утврдиле дека материјалот е стар 7,5 милијарди години, пренесува Би-би-си.

Најстарите зрна прашина формирани се во ѕвездите кои постоеле многу пред нашиот Сончев систем. Кога згаснува ѕвездата, честичките што се формирале во неа одлетуваат во вселената, а потоа се инкорпорираат во нови ѕвезди, планети, месечини и метеорити.

„Тие се делови од ѕвездите, вистинска ѕвездена прашина“, рече главниот автор на истражувањето, Филип Хек, кустос во Природонаучниот музеј во Чикаго.

Староста на честичките ѕвездена прашина ја одредиле така што делови од метеоритот ги мелеле во прашина и потоа ги измериле кога прашината била изложена на космички зраци. Со мелење на делови од метеоритот се создава форма налик на паста, објасни Џеника Гриер од чикашкиот музеј Филд.

Пастата потоа е разградена во киселина, а од неа останала ѕвездена прашина. Научниците велат пастата „мирисала на расипан путер од кикирики“.

За да утврдат колку е стара оваа прашина, истражувачите пресметале колку долго била изложена на космички зраци во вселената. Излегло дека некои од овие зрна прашина се најстарите супстанции пронајдени во светот. Повеќето од нив биле стари меѓу 4,6 и 4,9 милијарди години, постари од Сонцето (4,6 милијарди години) и Земјата (4,5 милијарди години), а најстарото постои веќе неверојатни 7,5 милијарди години.

До ова откритие, најстарата честичка пронајдена на Земјата била стара 5,5 милијарди години.

Благодарение на ова ново сознание, научниците ќе можат посериозно да се бават со прашањето останува ли бројот на нови ѕвезди во вселената стабилен или се случува некогаш да настанат значително помалку, а некогаш многу повеќе од проценетото.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе