Органска материја најдена на астероид првпат во историјата

Јапонската вселенска агенција (ЈАХА) го потврди откривањето на два вида органска материја на површината на астероид, првпат во историјата на човештвото, во откритие што може да ги одгатне тајните на животот на Земјата.

Фото: ЕПА

Истражувачите спровеле макотрпна анализа на материјалот земен од астероидот од типот С (силициумска или камена класа на астероид) наречен Итокава, кој беше посетен за време на мисијата Хајабуса на агенцијата во 2010 година.

Се верува дека вселенската карпа е хондрит, во голема мера немодифицирана вселенска карпа од првобитните, рани денови на Сончевиот систем. За време на своите вселенски патувања, карпата во еден момент се загреала и до најмалку 600 Целзиусови степени.

Научниците од JAXA анализирале честичка со ширина од 30 микрометри, со прекар „Амазон“, за да го откријат нејзиниот хемиски состав, вклучително и студија за нејзината содржина на вода.

Откриле присуство и на примитивна (незагреана) и преработена (загреана) органска материја во простор од илјадити дел од сантиметар.

Присуството на примитивна органска материја укажува дека астероидот ги добил овие основни елементи на животот долго откако се оладил, што значи и дека органскиот материјал откриен на вселенската карпа еволуирал со текот на времето, привлекувајќи вода и дополнителна органска материја додека патувал меѓу ѕвездите, и покрај крајно неповолните услови во студената вселена.

„Овие откритија се навистина возбудливи бидејќи откриваат комплексни детали од историјата на астероидите и како нивниот еволуциски пат е толку сличен на оној на Земјата“, вели научникот Квини Чан од лондонскиот универзитет Ројал Холовеј.

Повеќето метеорити што го осветлуваат небото на Земјата доаѓаат од астероиди од типот С, па неодамнешното откритие ја отвора можноста на планетата да бил засаден живот преку удари на астероиди и метеори.

Истражувањето на околу 900-те честички од прашината на астероидот складирани во лабораторијата JAXA ќе продолжи и ќе се спореди со наодите од поновиот материјал што JAXA го зеде од астероидот Рјугу. Овој вид истражување има цел да реши барем дел од загатките за тоа како настанале животот и човештвото на Земјата, а можеби и каде би можеле да најдеме живот надвор од нашата планета.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе