ОН: Иднината на човештвото изгледа мрачно

Порастот на еколошките катастрофи во овој век со пандемијата на коронавирусот покажаа дека политичките и бизнис лидерите не успеваат да спречат планетата да се претвори во „ненаселив пекол“ за милиони луѓе, објавија Обединетите нации.

EPA-EFE

Во последните две децении бројот на катастрофите предизвикани од екстремните временски услови речиси се удвоил. Меѓу 1980 и 1999 ги имало 3,6 илјади, а од тогаш 6,6 илјади, наведено е во извештајот објавен пред Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи што се одбележува денес.

Околу четири петтини од катастрофите во тој период отпаѓаат на поплави и бури, но се бележат сѐ повеќе суши, шумски пожари и топлински бранови.

„Свесно сме деструктивни. Тоа е единствениот заклучок до кој можеме да дојдеме“, кажа Мами Мизутори, специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за борбата против катастрофите, додавајќи дека светот доцни во дејствувањето против тие катастрофи.

„Ковид-19 е последниот доказ дека политичките и бизнис лидерите допрва треба да се вклучат во светот околу себе“, порача таа.

Во последните дваесет години катастрофите однеле повеќе од 1,2 милиони живот и влијаеле врз 4,2 милијарди луѓе.

Предизвикале речиси 3 билиони долари економски загуби, што е двојно повеќе во однос на двете претходни децении.

Во заедничкиот вовед на извештајот на ОН Мизутори и на Дебарати Гуха Сапир од белгискиот Центар за истражување на епидемиологијата на катастрофите напишале дека агенциите за управување со природните непогоди со својата подготвеност сепак спасиле многу животи.

Меѓу државите што имале големи евакуации и со тоа спасиле многу животи се Индија и Бангладеш.

Но изгледите на тие држави „и понатаму се насочени против нив, особено поради индустријализираните нации што упорно не успеваат да ги намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина“, во согласност со договорот за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, пишуваат двете авторки.

„Речиси ниедна нација не направи доволно за да го спречи бранот заболувања и смртни случаи кој го предизвика пандемијата на коронавирусот, и покрај предупредувањата на агенциите на ОН“, додаваат.

„Нејасно е зошто свесно и волно продолжуваме да го сееме семето на сопственото уништување, и покрај научните докази дека својот единствен дом го претвораме во ненаселив пекол за милиони луѓе“, се наведува во воведот.

Гуха Сапир предупреди дека ако екстремните временски услови продолжат да се зголемуваат како во изминатите две децении, „иднината на човештвото изгледа многу мрачно“.

За тоа да се избегне светот мора брзо да дејствува на превенцијата, приспособувајќи се на климатските промени и намалување на ризикот од катастрофи, заклучи Мизутори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе