Оксфордската вакцина создава силен имунитетен одговор кај постарите луѓе

Раните резултати на тестирањето на вакцината за коронавирусот која ја разви Универзитетот Оксфорд во соработка со Астра Зенека упатуваат дека таа резултира со силен имунитетен одговор меѓу постарата популација која се смета за најризична, објави денес Фајненшал тајмс.

EPA-EFE

Се верува дека оваа вакцина ќе биде пресвртница во борбата против новиот коронавирус, кој досега во светот уби повеќе од 1,15 милиони луѓе, ја опустоши светската економија и го сопре нормалниот живот на луѓето низ светот.

Оксфордската вакцина создава имунитетен одговор, резултира со создавање антитела и Т-клетки кои успешно се борат против вирусот меѓу припадниците на постарите возрасни групи, пишува ФТ, повикувајќи се на информации добиени од две лица запознаени со резултатите.

Крвните тестови на имуногеноста спроведени во подгрупа на постари учесници на истражувањето се поклопуваат со податоците објавени во јули, кои покажале дека вакцината генерирала „силна имунитетна реакција“ во групата на здрави возрасни лица на возраст меѓу 18 и 55 години.

Оксфорд и Астра Зенека сѐ уште не одговориле на барањето на Ројтерс да ги коментираат резултатите.

Се очекува деталите од истражувањето наскоро да бидат објавени во некој стручен медицински магазин, но Фајненшал тајмс не наведува во која публикација.

ФТ истакнува дека позитивните тестирања на имуногеноста, способноста за поттикнување имунитетен одговор, не гарантираат дека вакцината на крајот ќе се покаже безбедна и ефикасна кај постарите луѓе.

Астра Зенека, која ја развива вакцината со научниците од Оксфорд, се смета за водечка компанија во трката за производство на вакцина за ковид-19.

Се очекува оваа вакцина да биде една од првите меѓу големите фармацевтски компании кои ќе добијат одобрување од регулаторните тела, заедно со тие на Фајзер и Бионтек.

Вакцината наречена ChAdOx1 nCov-19 или AZD1222 е направена со користење на вирусот на обична настинка наречен аденовирус земен од шимпанзи, а потоа се избришани околу 20 отсто од неговите „инструкции“. Тоа значи дека вакцината не може да се реплицира или да предизвика болест кај луѓето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе