Океаните се преполни со пластика, а чистењето уште не почнало

Според научната студија на научниот магазин Сајенс адвансес од 2017, од почетокот на 1950-тите години во светот се произведени околу 8,3 милиони тони пластика.

Програмата на Обединетите нации за животната средина наведува дека околу 60 отсто од наведеното количество завршиле на депонии или во океаните. Еколошката организација Оушн конзерванси проценува дека секоја година осум милиони метрички тони пластика стигнуваат до океаните, а според некои пресметки до 2050 година вкупната тежина на пластиката во морињата ќе биде поголема од вкупната тежина на рибите во нив.

Состојбата е толку сериозна што во океаните уште денес постојат пет голи пловечки купови ѓубре: Северноатлантскиот остров, Јужноатлантскиот остров, Јужнопацифичкиот остров, остров во Индискиот Океан и Севернопацифичкиот остров. Последниот се наоѓа меѓу Калифорнија и Хаваите, најголема е според површината и содржи билион (милион милиони) парчиња пластика. За споредба, овој куп по површина е трипати поголем од Франција и тежи колку 43.000 автомобили, и според експертите, расте експоненцијално.

Главниот проблем со пластиката е што не е биоразградлива. Тоа значи дека не може да се разбие или распадне на корисни состојки. Наместо тоа, се распаѓа на помали честички кои ги викаме микропластика, а ги дефинираме како парчиња кои не се помали од пет милиметри. Бидејќи овие честички не пливаат на површината на океаните, претставуваат голема закана. Освен што ја контаминира водената маса, пластиката во океаните ги убива морските животни. Досега влијание на пластиката е откриено кај 800 различни видови низ светот. ни луѓето не се поштедени од штетното влијание на микропластиката, која до нас доаѓа преку водата, морската сол и морските плодови. За жал, за размерите на овој проблем не се знае доволно, бидејќи истражувањата се во почетна фаза.

Санацијата на еколошката катастрофа предизвикана од човекот, како и отстранувањето на фрлената пластика во океаните, како и сопирање на понатамошното испуштање, не е едноставна задача. „Не можеме едноставно да излеземе на океаните и да ги собереме островите од пловечко ѓубре“, вели Ник Малос, директор на програмата „Море без ѓубре“ на Оушн конзерванси.

Над 600 метри долгиот пловечки колектор на ѓубре во моментов патува кон големиот остров од ѓубре на северот на Тихиот Океан. Станува збор за иновација на 24-годишниот Бојан Слат, кој идејата ја смислил во 2013 година и потоа ја отвори организацијата Оушн клинап.

Неговата направа, полиетиленска цевка со голема густина, патува придвижувана од ветерот, брановите и бурите и притоа ја собира пластиката. Направата има и 3 метри долга непропусна подводна завеса за собирање на пластиката која не е на површината. Пластиката потоа се собира од водата и со бродови се носи на рециклирање.

Идејата на холандската организација е прво да се отстранат големите парчиња пловечка пластика, а потоа да се посвети внимание на помалите. Во рок од пет години Оушн клинап се надева дека ќе собере половина од пластиката во Севернопацифичкиот остров. Но, Бизнис инсајдер пишува дека нештата не одат како што се очекувало. Ѓубрето кое го собира направата не останува собрано туку повторно се шири по морето.

„Проблемите кои се појавија секако беа очекувани. Да се очекува неочекуваното е неизбежно во процесот на транзиција од тестната фаза во реалноста“, изјави портпаролот на Оушн клинап.

Поттикнувањето на корпорациите да користат помалку пластика е еден од начините да се намали количеството на пластично ѓубре. Помалку пластика во продавниците значи помалку продадена, искористена и фрлена пластика.

„Корпорациите кои произведуваат пластика или своите производи ги пакуваат во пластика имаат голема одговорност. Пластичните ќеси и пакувањата за храна и пијалоци од експандиран полистирен едноставно повеќе не би требало да ги има во нашите економии. Тие материјали се високоризични за морската средина кога ќе завршат во океаните. А добро се знае дека има прифатливи алтернативи кои ја имаат истата функционалност“, објаснува Малос.

Не треба да се заборави ни одговорноста на потрошувачите.

Малос вели дека секој поединец може да помогне на три начини. Еден е да сознае колку пластичен отпад произведува секој ден и да се реши на повеќекратна употреба на пластичните ќеси и шишиња. Втората е да испрати порака преку своите потрошувачки навики, односно да внимава што купува за корпорациите да сфатат какви производи претпочитаме. И трето, да се заземе за напредните стратегии како забрана на пластичните ќеси.

Оушн конзерванси во 2018 собра податоци за чистењето на плажите низ светот и ги идентификуваше најчестите видови ѓубре: отпушоци, пакувања од храна, пластични шишиња, пластични тапи, пластични ќеси, сламки и стапчиња за мешање, пластични кутии за храна, пластични капаци и кутии за храна од стиропор.

„За првпат во историјата, сите 10 производи најчесто најдени низ светот се од пластика. Знаеме дека производството на пластика глобално се зголемува, а она што го гледаме на плажите е последица на таквата пракса. Ова е многу комплексно и глобално прашање. Секој има своја улога, од поединците па до корпорациите и владите“, вели Малос.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе