Огромен астероид следната недела ќе помине покрај Земјата

Астероид долг еден километар на 18 јануари ќе пролета релативно блиску до Земјата.

Фото: Пиксабеј

Тој ќе помине на растојание од 1,93 милиони километри од нашата планета, движејќи се со брзина од 19,56 километри во секунда. Станува збор за астероидот 7482 (1994 ПЦ1), кој е откриен во 1994 година.

Дистанцата од 2 милиони километри можеби звучи безбедно - и така е, вели Лајв саенс. Но според вселенски стандарди, ова сепак е блиску за толку голем објект. Астероидот (7482) 1994 ПЦ1 е долг околу 1.100 метри, и иако нема опасност од судир со Земјата, НАСА го класификува како потенцијално опасен објект. Овој термин ги опишува астероидите што се долги над 140 метри и имаат орбити што ги носат во рамките на 7,5 милиони км од орбитата на Земјата околу Сонцето, според Астероидна стража на НАСА.

НАСА вели дека нема ни најмала веројатност овој астероид да удри во Земјата, но дека следната недела ќе помине најблиску до нас во следните два века, вели Си-ен-ен.

Тоа нема да биде најголемиот астероид што некогаш поминал покрај Земјата. Таа чест му припаѓа на астероидот 3122 Флоренс (1981 ET3), кој прелета покрај нашата планета на 1 септември 2017 година, а беше широк меѓу четири и девет километри.

Астрономот Роберт Х. Мекнот е првиот што го забележал астероидот (7482) 1994 ПЦ1, на 9 август 1994 година. Други научници потоа ги следеле неговите претходни патувања низ нашето вселенско соседство користејќи ги набљудувањата на Мекнот за да ја пресметаат орбиталната патека, брзината и траекторијата на астероидот. Тие откриле дека астероидот орбитира околу Сонцето еднаш на секои 572 дена и го забележале овој гостин на телескопските снимки од 1974 година, според Ертскај.

Иако е малку веројатно дека 7482 (1994 ПЦ1) ќе биде видлив со голо око, ќе можат да го следат астрономите аматери со своите телескопи. На 18 јануари, ако видливоста е добра, астероидот ќе биде доволно светол за да може да се види од локација со темно ноќно небо, објави Ертскај.

Колку и да ни е блиску астероидот на 18 јануари, тој ни дошол многу поблиску на 17 јануари 1933 година. Таа година вселенска карпа проедрила покрај Земјата на растојание од околу 1,1 милион километри, а толку блиску до нас нема да дојде сѐ до 2105 година.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе