Одгатната најголемата тајна на црните дупки?

Секоја црна дупка во себе чува тајна – квантни остатоци од ѕвездите од кои настанала, тврдат научниците што предвидуваат дека тие ѕвезди можат повторно да се појават, кога црната дупка ќе „испари“, пренесува порталот Спејс.

Истражувачите овие ѕвезди ги нарекуваат „Планкови ѕвезди“ и веруваат дека можат да одговорат на важно прашање во модерната физика: парадоксот на информацијата, или што се случува со информацијата содржана во материјата кога ќе влезе во црната дупка.

Идејата конечно би можела да ги заокружи квантната механика и општата теорија на релативитетот на Алберт Ајнштајн.

Црните дупки се делови од вселената што имаат толку голема густина што ништо, па ни светлината, не може да им избега. Поголем дел од нив, сметаат научниците, настанале на крајот на животот на големи ѕвезди, кога внатрешниот притисок е недоволен за да ѝ одолеат на сопствената гравитација, поради што ѕвездите колабираат под сопствената гравитација. Повеќето експерти веруваат дека бидејќи ништо не може да го сопре колабирањето, настанува сингуларитет – регион во кој е постигната бесконечна густина.

Меѓутоа, оваа хипотеза има свои недостатоци.

Бидејќи законите на физиката не важат во области со бесконечна густина, никој не знае што точно би можело да се случува во црните дупки. Стивен Хокинг на почетокот на седумдесеттите ја претстави тезата дека црните дупки би можеле постепено да испаруваат и исчезнуваат.

Но што во тој случај се случува со информацијата што ја содржи објектот што ќе влезе во црната дупка?

Според општата теорија на релативитетот, информацијата не може едноставно да исчезне. Затоа тој „парадокс на инфомацијата“ со децении ги мачи научниците.

Карло Ровели од Универзитетот на Марсеј и Франческа Видото од Радбауд универзитетот во Холандија се обиделе да одговорат на овие прашања истражувајќи ја идејата дека вселената, која, како што се претпоставува, настанала во Големата експлозија, всушност настанала поради ефектот на квантната гравитација, со нагло ширење по претходни фази на контракција.

„Квантните гравитациски ефекти предизвикуваат максимално компактна состојба на материјата, а не сингуларитет“, вели Видото.

На тој начин вселената би „експлодирала“ кога густината на материјата ќе ја достигне Планковата скала, предизвикувајќи повторно ширење на вселената, а можеби и нејзино повторно колабирање.

Слична идеја сега се однесува и на материјата на ѕвездата што умира.

Истражувачите тврдат дека квантните ефекти, слични на оние што спречуваат пропаѓање на електроните во јадрото на атомот, би можеле да спречат колабрирање на ѕвездата пред таа да се намали во точка од сингуларитетот. Ѕвездата така би станала суперкомпактен објект, а потоа нагло би се проширила за време на процесот на испарување на црната дупка и на крај би експлодирала.

На тој начин би се ослободило сѐ што влегло во црната дупка.

„Црната дупка има огромен остаток – Планкова ѕвезда – а тоа ни овозможува да го разбереме испарувањето на црните дупки во последната фаза на нивниот живот без парадокси. Парадоксите не се дел од природата, тие се знак на целосно незнаење“, вели Видото.

Ровел се согласува со неа.

„Информацијата никогаш не е премногу концентрирана и може да избега со експлозија на ѕвезда“, вели тој. „Сега сме соочени со исклучителна можност: ако во црните дупки материјата се собира, а потоа експлодира, тоа ширење би било спектакуларен настан. Постои можност астрономите веќе да виделе Планкова ѕвезда во форма на исклучителни силни блесоци на гама радијација“.

„На крај, ако нивната хипотеза се потврди, тоа ќе биде доказ за постоење на квантна гравитација“, вели Орели Баро од универзитетот Жозеф Фурије во Гренобл, кој не учествувал во истражувањето.

„Нивниот труд покажува дека можеби постојат експериментални последици на квантната радијација. Тоа би било фасцинантно“, вели тој.

Следниот чекор е наоѓање адекватен опис на квантниот гравитациски процес што води до „голема експлозија“, можеби со помош на прецизна компјутерска симулација, пишува Спејс.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе