„Комсомолец“

Одамна потоната советска подорница сѐ уште зрачи радијација (ВИДЕО)

Советска нуклеарна подморница која во 1989 година потонала крај брегот на Норвешка сѐ уште зрачи радијација, соопштија истражувачите по заедничката норвешко-руска експедиција.

Остатоците на подморницата „Комсомолец“ се наоѓаат на дното на Норвешкото Море на длабочина од околу 1.700 метри, пренесува Ројтерс.

Властите наложиле годишна експедиција со која се следи нивото на радијацијата, но за првпат било користено возило на далечинско управување „Аегир 6000“, кое ги снимило остатоците и земало примероци кои потоа биле анализирани.

Како што се наведува, примероците покажале ниво на радиоактивност 800.000 пати поголемо од нормалното.

„Ова е поголемо ниво од она кое обично го мериме во морето, но не е алармантно. Нивото на радиоактивност брзо се намалува на тие длабочини и во таа област има малку риба“, изјави лидерката на истражувањето Хилде Елисе Хелдал од Норвешкиот институт за поморски истражувања.

Подморницата „Комсомолец“ потона на 7 април 1989 година при што загинаа 42 членови на екипажот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе