Сухој Су-57

Објавени нови снимки од рускиот ловец од петтата генерација (ВИДЕО)

Најновиот руски повеќенаменски ловец Су-57 ќе почне сериски да се произведува со камуфлажа со пиксел арт технологија“, изјави за руската телевизија Звезда директорот на Конструкторското биро Сухој Михаил Стрелец.

„Пиксел артот дава ефект на искривена контура, што овозможува да се прикријат јасните граници кои постојат кај аеродинамичните компоненти на авионот“, објасни тој.

Освен тоа, за леталото да биде што поневидливо за радарите овозможува формата на авионот, како и специјалната прекривка на одредени делови.

Стрелец истакна и дека, за разлика од неговите претходници, авионот од петтата генерација е дизајниран за повеќето свои летови да ги извршува со суперсонични брзини.

Сухој Су-57 ќе почне сериски да се произведува под бројот 611 (Т-50-11). Воздухопловно-вселенските сили први ќе го добијат најновиот руски авион во 2019 година.

Телевизијата Звезда, која е блиска до Кремљ, сними два Су-57 од рампа на карго авион Ан-12. Според прилично зелената сценографија во позадина, видеото кое нема датум најверојатно е снимено летоска или на почетокот на есента.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе