Објавена снимка од тестирање ново руско борбено возило (ВИДЕО)

Во Нижни Новгород се спроведува едно од главните теренски тестирања на најновото руско борбено возило 2С38 под кодно име „деривација“, јавуваат руските медиуми.

Руските експерти сметаат дека оваа машина нема да има конкуренција во светот.

За развојот на самоодниот противавионски ракетен систем е задолжен Централниот научно-истражувачки институт Буревестник, дел од Уралвагонзавод.

„Деривација“ е борбено возило опремено со топ со калибар од 57 милиметри. Се одликува со висока прецизност при гаѓањето, а поседува и автоматициран систем за управување со стрелањето кој може да се нагодува.

Возилото се тестира на полигон за да се провери неговата работа на ниски температури.

„Деривација“ може да уништува воздушни мети, вклучувајќи беспилотни летала, наведувани и крстосувачки ракети, а може да се користи и во копнени операции како оружје за поддршка.

Тестирањето на новата руска воена машина би требало да заврши во 2020 година.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе