„Не грижете се, ќе ви се врати видот“

Објавена снимка од руското оружје што наводно предизвикува халуцинации (ВИДЕО)

Откако британскиот весник Тајмс објави текст за тоа дека руската флота има ново оружје кое предизвикува халуцинации, руската телевизија Звезда објави снимка од воениот систем.

Како што пренесува Раша тудеј, телевизијата Звезда објави снимка од тестирањето на станицата за визуелно-оптичко попречување која се вика „филин“ и за која пишуваше Тајмс.

Како што се наведува, станува збор за одбранбен комплекс, кој ги неутрализира нишаните, апаратите за мерење, уредите за ноќно гледање и системите за наведување на противоклопните наведувани ракети на оддалеченост до пет километри.

Принципот на функционирање на станицата е следен: прво на бродот се вклучува нешто како силен рефлектор, по што се префрла на „режим за попречување“, кој може да го ослепи противникот, да предизвика халуцинации кај непријателските трупи и да ја исфрли неговата опрема од функција.

Телевизијата наведува дека системот е веќе поставен на неколку бродови на руската воена флота.

„Филин“ е развиен од руската државна компанија Ростех. Тој може да го ослепи противникот на оддалеченост до два километри, при што, како што се наведува во снимката, ефектот на дејството на оружјето е привремен, а видот подоцна се враќа.

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе