Објавена снимка: Ф-35 ја фрла најновата американска нуклеарна бомба (ВИДЕО)

Американското воено воздухопловство во соработка со националната лабораторија Сандија успешно го завршило тестирањето на новата нуклеарна гравитациска бомба Б61-12.

EPA-EFE

Таа е прикачена на верзија на најмодерниот борбен авион на денешнината, Ф-35А џоинт страјкт фајтер.

Иако тестирањето било спроведено уште на 25 август во Невада, тоа било тајно и Сандија дури сега ја објави снимката.

На снимката се гледа како Ф-35А испушта инертна верзија на бомбата на висина од 3.200 метри додека авионот лета побрзо од брзината на звукот.

Бомбата падната во пустината, односно на зададената цел, по 42 секунди.

Бомбата Б61-12 е најновата од семејството нуклеарни гравитациски бомби Б61, кои американската војска ги користи од 1968 година.

Станува збор за бомба долга 3,65 метри и тешка 374 килограми, која лесно може да се вклопи во Ф-35 и е невидлива кога ја носи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе