Нуркачи нурнаа до најдлабокиот дел од океанот, најдоа пластично ѓубре (ВИДЕО)

Откако еден американски истражувач го изведе досега најдлабокото нурнување со човечки екипаж, се врати на површината со обесхрабрувачки вести. На дното на Маријанската бразда нашол пластично ѓубре, пренесува Си-ен-ен.

Виктор Весково нурна на длабочина од 10.927 метри за да стигне до точката Челенџер дип, на јужниот дел на Маријанската бразда. Весково тоа го направи во рамки на мисијата чија цел е да ги мапира најдлабоките подводни места во светот.

Тој патувал речиси 11 километри во длабочината на океанот и со нуркање долго четири часа постави рекорд за најдлабоко поединечно нуркање во историјата. Претходниот рекорд го држеше режисерот Џејмс Камерон со нурнување од 2012 година.

Освен што во најдлабокиот дел од светот открил четири нови животински видови, Весково таму забележал пластично ќесе и пакување од бонбони.

Маријанската бразда е најдлабоката бразда во Тихиот Океан, а воедно е и најдлабока во целиот свет. за споредба, таа бразда навлегува повеќе во длабочина отколку што највисоката планина во светот, Монт Еверест, се искачува во висина.

Виктор Весково, 53-годишен бизнисмен со искуство во поморството, со подморницата „Ограничувачкиот фактор“ за Дискавери ги мапира петте најдлабоки точки на нашите океани во рамки на експедицијата „Петте длабочини“. Освен што ја посети Маријанската бразда, тој го сними и Јужниот сендвич ров, Јаванската бразда и Порториканската бразда. Треба уште да го истражи Молој дип во Арктичкиот Океан, што е предвидено август 2019 година.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе