Арктика

Новиот руски нуклеарен мразокршач го заврши дводневното пробно пловење (ВИДЕО)

Рускиот нуклеарен мразокршач Арктика, претставен како најмоќниот брод од тој тип во светот и симбол на руските амбиции на Арктикот, се врати во пристаништето во Сант Петербург по дводневното пробно пловење.

Наменет за превоз ан течен гас од Арктикот, џиновскиот брод долг 173, а висок 15 метри и со потисок на водата од 14.000 тони, се врати утринава во водите на вториот најголем руски град и плови кон градилиштето на Балтикот каде што беше изграден.

Двата дена, колку што Арктика мина на море, беа пробни за истражување на алгоритмите во работата и агилноста, соопшти Атомфлот, компанијата задолжена за флотата руски мразокршачи.

Арктика е нуклеарен мразокршач, но за првото патување беше користен дизел мотор. Градителите истакнуваат дека мразокршачот има капацитет за сечење 2,8 метри мраз.

Бродот, инаугуриран во 2016 година, е дел од глобалниот проект осмислен за пловење низ целата година во областа на северозападот која го поврзува Атлантскиот Океан со Тихиот преку Арктикот. На Русија бродот треба да ѝ ја поедностави испораката на гориво кон југоистокот на Азија.

Финалните тестирања на Арктика се предвидени за март и април, а пуштањето во погон во мај следната година. Се градат уште два слични брода – Урал и Сибир.

Економскиот развој на Арктикот, каде се спротивставуваат интересите на пет земји меѓу кои се Русија и САД, е еден од приоритетите на рускиот претседател Владимир Путин.

Русија се надева во тој регион да стане прва економска и воена сила која ќе го искористи глобалното затоплување и ќе ги искористи новите трговски рути на крајниот север.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе