Нортроп Груман Б-21

Новиот „невидлив“ американски бомбардер чини 626 милиони долари (ФОТО+ВИДЕО)

Произведувачот на новиот стратегиски бомбардер Б-21, Нортроп Груман, ги објави првите снимки од невидливиот бомбардер со долг дострел и овозможи детален преглед на неговите карактеристики.

Нортроп Груман визуелните прикази на невидливиот бомбардер ги пружи во три различни конфигурации при последното ажурирање на неговите карактеристики.

Б-21 е стациониран во хангарите на воздухопловните бази Елсворт во Јужна Дакота, Вајтмен во Мизури, како и во воздухопловната база Дајиз во Тексас.

Американското воено воздухопловство откри во март 2019 година дека првата флота бомбардери од новата генерација ќе бидат сместени во базата Елсворт, бидејќи таа пружа „доволно простор и постоечки објекти неопходни за преземање истовремени мисии, со најниска цена и со максимално оперативно влијание“, во споредба со базите Вајтмен и Дајиз.

Соопштено е дека и другите две бази ќе добијат сопствени флоти Б-21 „кога ќе бидат спремни за тоа“. Военото воздухопловство најави набавка на околу 100 вакви авиони, од кои секој чини по 656 милиони долари.

„Очекуваме првиот бомбардер Б-21 ќе биде испорачан на почетокот на 2020 година, за тестирање, а дека потоа во фази ќе се обезбедат сите три бази“, изјави во март минатата година Хедер Вилсон, тогашната секретарка на американското воено воздухопловство.

Најавено е и дека Б-21 ќе може да носи оружје со долг дострел – крстосувачки ракети со нуклеарни боеви глави, и крстосувачки ракети лансирани од воздух, на чиј развој работеле фирмите Рајтеон и Локид Мартин, според договорот со Пентагон од 2017 вреден 900 милиони долари.

Според извештајот за набавката на оружјето со долг дострел на воздухопловните сили, „нуклеарниот сертификат“ на оружјето за Б-21 би се добил „во рок од две години од прогласувањето на почетната оперативна способност“.

Што се однесува до самиот бомбардер, потпретседателот на Генералштабот на американските воздухопловни сили генералот Стивен Вилсон откри во јули 2019 година дека се очекува Б-21 првпат да полета во декември 2021 година, во пробен лет.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе