НАСА ќе го лансира Тесс во потрага по 20.000 нови светови

Новиот ловец на планети на НАСА во потрага на поблиски светови слични на Земјата

НАСА е подготвена да го лансира вселенското летало вредно 337 милиони долари, со големина на машина за перење, со цел во голема мера да ја прошири човековата потрага на планети надвор од нашиот сончев систем, а пред се оние кои се поблиску и се слични на Земјата, а можат да подржуваат живот.

Транзитниот сателит во потрага по егзопланети или Тесс (The Transiting Exoplanet Survey Satellite, TESS), ќе биде лансиран во понеделник во 18:32 часот по локално време, на ракета Спејсекс Фалкон 9 од Кејп Канаверал, Флорида.

Неговата главна цел во текот на следните две години е да скенира повеќе од 200.000 од најсјајните ѕвезди за знаци на планети кои кружат околу нив и предизвикуваат пад во осветленоста позната како транзит.

НАСА предвидува дека ТЕСС ќе открие 20.000 егзопланети - или планети надвор од сончевиот систем - вклучувајќи повеќе од 50 планети со големина на Земјата и до 500 планети двојно помали од големината на Земјата.

„Тие ќе орбитираат околу најблиските, најсјајните ѕвезди“, во неделата за новинарите изјави Елиса Кинтана, научничка за Тесс од Центарот за вселенски летови Годард на НАСА.

„Може да пронајдеме планети што орбитираат околу ѕвезди што можеме да ги видиме со голо око“, додаде таа.

„Значи, во следните неколку години може ќе бидеме во можност да излеземе надвор и да посочиме на ѕвезда за која знаеме дека има планета. Ова е иднината“.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе