Новиот калашњиков пука со НАТО муниција (ВИДЕО)

Автоматската пушка Ак-19 би можела да биде интересна за државите од Блискиот Исток, кои ја користат муниција по стандардите на НАТО, изјави за телевизијата Звезда директорот на Дирекцијата за воено-техничка соработка на компанијата Калашњиков Владимир Онокој.

EPA-EFE

Токму таа муниција ја користи новиот автомат на Калашњиков, кој Русија го претстави на Меѓународниот саем на вооружување ИДЕКС-2021 во Абу Даби.

„Автоматот АК-19 може да биде многу интересен за државите од Блискиот Исток. Многу од нив веќе ја користат муницијата 5,56х45 милиметри и оружје од европско или американско производство. Таква муниција има многу“, изјави експертот.

Тој истакна дека во текот на неколку години се спроведени многу тестирања, вклучувајќи и во пустински услови, кои покажале дека секое оружје не е сигурно.

„Затоа беше важно да се претстави таков тип оружје, кој ја комбинира легендарната сигурност на автоматот калашњиков со муницијата која тука е широко распространета, а која некои земји активно ја користат и произведуваат“, кажа Онокој.

„Ние специјално вршиме тестирања со муницијата на НАТО, за да нема никаков сомнеж, дека во случај ако се користи муниција од странско производство, дека нема да има компликации. Нема никакви проблеми. Сè правиме со цел нашите купувачи да се сигурни дека оружјето ќе функционира максимално“, наведе тој.

Тој додаде дека оружјето на Калашњиков е многу популарно. АК-19 ќе го прошири опсегот на продажбата и ќе ги зголеми испораките.

„Малку кој ќе прифати да ја менува муницијата во војската колку и да е добар автоматот. Тука луѓето можат да купат примерок и да го користат тоа што веќе го имаат“, објасни Онокој.

Автоматот е развиен врз основа на АК-12. Неговите карактеристики се телескопски кундак со подобрена ергономија, нов дизајн на нишанот, придушувач кој брзо се монтира.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе