Донфенг-41

Новата кинеска ракета – сериозно оружје, сериозна порака (ВИДЕО)

Новата интерконтинентална ракета прикажана на воената парада во Пекинг по повод 70-годишнината од формирањето на Народна Република Кина е сериозно оружје, но и порака дека оваа земја е во состојба да му парира на секој потенцијален агресор, оценуваат руски воени експерти.

На најголемата воена парада во кинеската историја, одржана на плоштадот Тјенанмен, за 80 минути, колку што траеше, продефилираа 15.000 војници, 580 парчиња техника и 160 авиони и хеликоптери.

На парадата, меѓу другото, беше прикажан и новиот сусперсоничен извидувачки дрон ДР-8, но и најновата кинеска суперсонична стратегиска крстосувачка ракета донфенг-41.

Во медиумите претходно се појави информација дека овие ракети можат да го совладаат американските противракетни системи и да погодат цели на голема одалеченост. Воениот аналитичар Виктор Баранец напоменува дека, што се однесува до најмоќното кинеско оружје, и самите граѓани на Кина знаат многу малку за него.

„Какви се тактичко-техничките карактеристики на таа ракета знае многу тесен круг луѓе од политичкото и военото раководство. Се знае само дека тоа е интерконтинентална балистичка ракета, чиј дострел е над 10.000 километри. Во тој сегмент Кинезите, фактички, се на второто место, бидејќи ракети со толку голем дострел има само уште Русија, односно ЈАРС“, објаснува рускиот воен експерт за Спутник.

Што се однесува до самата конструкција на ракетата, како што вели, не сака да ги намали достигнувањата на научно-техничкиот равој на Кина, но некои тајни на механизмот на таквата ракета Кинезите, своевремено, земале од Русија.

Според Баранец, кинеската ракета има „многу сериозна“ боева глава, чија моќ засега Пекинг не ја открива, но се претпоставува дека станува збор за боеви глави со индивидуално наведување.

Експертот за вооружување Дмитриј Корњев се сложува дека донфенг е е најсовремена интерконтинентална ракета која, барем според надворешните параметри, личи на рускиот проектил ЈАРС.

„Тоа е мобилен систем на автомобилска шасија. Станува збор за ракета на цврсто гориво, што е најсовремениот тренд, бидејќи таквите ракети се далеку поедноставни за сервисирање и употреба. Плус е компактна, може да се лансира во секој момент, а притоа да не се знае од каде: може да се преместува по патиштата во секторот каде што е лоцирана“, наведува Корњев.

Тој оценува дека карактеристиките на руската ракета, во најмала рака, не се ништо полоши од многу руски и американски ракети.

„Дострелот може да ѝ биде и до 15.000 километри. Тоа е многу, особено за мобилна ракета. Според борбеното оптоварување најверојатно е слична на рускиот ЈАРС, кој носи шест балистички борбени блокови со индивидуално наведување. Можеби ги има повеќе, но тешко дека се повеќе од 10“, проценува Корњев.

Додава дека кардиналната предност на кинеската ракета е што почнале да ја развиваат по САД и Русија, и веќе можеле да го искористат максимумот на веќе познатите технолошки достигнувања – најмодерното гориво и намодерната електроника. Кинезите, истакнува рускиот експерт, добро ги користат светските искуства, кои ги собираат од сите страни на светот.

Воениот експерт Александар Жилин истакнува дека не е суштината во тоа какви ракети беа прикажани на парадата, туку што тоа зборува за концептот на воената политика на Кина.

„Пекинг, од една страна, покажа дека е во состојба да нанесе разурнувачки воен удар на кој било агресор и ја покажа својата одбранбена моќ. Од друга страна, Кина со тоа покажа дека според развојот го зазема, можеби не првото, но едно од првите места, односно дека во арсеналот има оружје за кое светот не знае. Кина не е земја која на парада ќе покаже сѐ што има“, истакнува Жилин.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе