Супер-Земји

Нов тип планети може да се преполни со рубини и сафири, вели една студија

Новооткриен тип на планети супер-Земји може да блескаат од рубини и сафири, открива нова студија.

Додека истражувачите откриваат планети околу други ѕвезди, една класа од овие егзопланети што се појавуваат се супер-Земји: карпести планети што можат да достигнат и до 10 пати повеќе од масата на нашата Земја.

Многу работи остануваат мистерија за супер-Земјите, бидејќи не е позната ниедна во сончевиот систем.

За да дознаат понешто за супер-Земјите, група истражувачи што работат во Швајцарија и Англија испитувале како тие можат да формираат. Планетите се соединуваат од протопланетарни дискови од гас и прашина што ги опкружуваат новородените ѕвезди. Температурите варираат во рамките на овие дискови, во зависност од тоа колку се блиску или далеку нивните состојки од ѕвездите, што влијае на она какви минерали се формираат низ дисковите. Научниците сметаат дека ова може да доведе до формирање различни планети, кои се разликуваат една од друга врз основа на составот.

Сега истражувачите сугерираат дека можеби откриле нова класа на супер-Земја - планета богата со сафири и рубини.

„Покажавме дека разновидноста во составот на планетите, особено на супер-Земјите, може да биде многу поголема отколку што претходно се мислеше“, изјави авторката на студијата доктор Каролин Дорн, научник за егзопланети на Универзитетот во Цирих во Швајцарија, за Спејс.

Научниците што претходно ги истражуваа честопати мислеа дека супер-Земјите се богати со железо, слично како и Земјата, вели Дорн. Тие би се формирале во постудените делови на протопланетарните дискови.

Сепак, Дорн и нејзините колеги сугерираат дека овој нов тип на супер-Земји се полни со калциум и алуминиум, како и со минералите што се богати со овие елементи, вклучувајќи сафири и рубини. Овие планети би се формирале во потоплите делови на протопланетарните дискови.

Научниците пресметале дека оваа нова класа на супер-Земја треба да биде 10 до 20 проценти помалку густа од Земјата. Покрај тоа, тие истакнаа дека претходните истражувања откриле супер-Земји што се совпаѓаат со овој опис.

На пример, Дорн и нејзините колеги ги испитале супер-Земјите 55 Канкри и ВАСП-47 e, за кои претходните трудови велат дека имале невообичаено лесни густини. Едно потенцијално објаснување за овие ниски целокупни густини може да биде дека тие имаат густа атмосфера, но тие ја отфрлија таа можност, бидејќи планетите орбитираат околу своите ѕвезди толку блиску што се извонредно топли, поради што е веројатно дека и да имале густа атмосфера, таа одамна исчезнала. Трета претходно изучувана планета, ХД 219134 б, се чини исто така дека го има овој состав.

„Со оглед на нашите модели и набљудувања, постојат големи шанси проучуваните планети да имаат многу различни внатрешни состави во споредба со повеќето супер-Земји“, вели Дорн.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе