Норвешки научници со откритие кое ја менува историјата на епидемијата на коронавирусот во светот

Првиот официјален случај на коронавирусот во Европа е откриен на 24 јануари 2020 во Франција. Во Норвешка вирусот првпат е официјално потврден на 24 февруари.

EPA-EFE

Меѓутоа, барајќи антитела во зачувани примероци крв, истражувачи од Универзитетската болница Акерсхус (Ахус) откриле позитивен резултат веќе во декември 2019 – истиот месец кога вирусот за првпат беше откриен во Кина.

„Ова беше многу изненадувачко. Ги прегледавме примероците крв до декември за да бидеме сигурни дека одиме доволно далеку во минатото, но не очекувавме дека толку рано ќе најдеме позитивен резултат“, вели лидерката на проектот Ане Ескилд.

Универзитетската болница Акерсхус земала примероци од крв на сите трудници во првото тромесечие во периодот од декември 2019 до декември 2020. Во рамки на грижата за трудниците во Норвешка се земаат примероци од крвта на сите трудници за проверка на сифилис. Сите примероци се чуваат со цел следење на потенцијални заразни болести.

„Веројатно има малку други земји кои имаат пристап до зачувани примероци крв на популациско ниво па затоа има малку или воопшто нема други ретроспективни случаи“, вели Ескилд.

На истражувачката група ѝ бил овозможен пристап до анонимното тестирање на примероци врз основа на законот за контрола на инфекциите. Месечно околу 500 примероци биле тестирани на антитела на ковид, а еден позитивен случај бил откриен во декември 2019, два во јануари 2020 и еден во февруари и март, објавија експертите.

Од вкупно 6.020 прегледани жени во целиот период, кај 98 жени се откриени антитела. „Мора да се има предвид дека може да се случи одреден удел лажно позитивни резултати, но научниците заклучуваат дека наодите покажуваат дека вирусот во Норвешка циркулирал веќе во 2019 година“, се наведува во извештајот.

Нема системски податоци за тоа кои се жените кои имале инфекција и дали имале симптоми, но може да се види дека жените кои имале антитела пред март 2020 се родени во Норвешка, источна Европа, Африка или на Блискиот Исток.

„Има многу индикации дека се заразени или во други делови од светот или преку роднини кои биле надвор од Норвешка“, вели Ескилд, која смета дека наодите укажуваат дека заразата можеби се проширила низ светот порано од што мислевме.

Првите потврдени случаи во светот датираат од декември 2019, а откриени се во кинески Вухан.

„Нашето откритие ја менува историјата на епидемијата на коронавирусот, и во Норвешка и во светот“, заклучува Ескилд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе