1,6-километарски систем

Ноќва крај Земјата ќе прозуи „потенцијално опасен астероид“ сосе мала месечина (ФОТО)

Во текот на викендов се очекува покрај Земјата да помине 1,6-километарски „потенцијално опасен“ астероиден систем, но шансите да им предизвика вистински проблеми на Земјаните се прилично слаби.

1999 КВ4 е бинарен систем (два вселенски објекти што се доволно блиску за меѓусебно да се орбитираат) беше откриен на 20 мај 1999 година преку проектот ЛИНЕАР во Ново Мексико. Набљудувањата во текот на последните две децении го означија овој објект како „потенцијално опасен“ со оглед на малите шанси да се судри со Земјата.

За наша среќа, се очекува тој да дојде на релативно безбедно растојание од околу 5 милиони километри од Земјата. Ќе патува со околу 77.200 километри на час, а најблиску до Земјава ќе биде утре во 1:05 часот изутрина, 26 мај, и толку блиску нема пак да дојде сè до 2036 година.

Некогаш, неговата патека би можело да се судри со Земјата, но радарските мерења не покажуваат значителни шанси за таков настан во кое било време во следниот милениум.

Слики од астероидот направени со радарскиот телескоп Голдстоун на НАСА

Астероидниот пар е уникатен по своите карактеристики. Главниот објект се врти како врв со гребен околу својот екватор, вели НАСА. Неговата мала месечина, приближно една третина од големината на Земјата, орбитира на околу 2,6 километри на секои 16 часа.

Опсерваторијата Лас Кумбрес вели дека обликот на главниот објект е „малку смачкан на половите и со планински гребен околу екваторот, кој се протега по целата ширина на астероидот.“

Астрономите знаат за повеќе од 20.000 објекти во близина на Земјата, од кои 1.800 се сметаат за потенцијално опасни, но повеќето се мали. Вселенските експерти обично не ги проучуваат овие објекти освен ако тоа не е важно за безбедноста на Земјата.

Така, експертите претходно оваа година ја покренаа Меѓународната кампања за предупредување за астероиди (ИАВН) за тестирање на нашата способност за карактеризирање и подготовка за опасен астероид. НАСА и неколку федерални агенции, како и неколку меѓународни организации, извршија симулација на тоа што би се случило кога еден астероид би тргнал да се судри со Земјата.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе